22:21 - 8 ноември, 2026

Почина синот на Рик Харисон: Истрагата за смртта на момчето сè уште трае

Синот на актерот, бизнисмен и продуцент Рик Харисон, Адам, почина на 39-годишна возраст. Како што јавуваат странските медиуми, се сомнева дека причина за смртта е предозирање. Околностите за смртта на Адам се непознати, вклучително и кога и каде се предозирал.

Полициската управа во Лас Вегас потврди за TMZ дека истрагата за неговата смрт е отворена.

„Нашето семејство е крајно уништено од смртта на Адам. Ве молиме сите да ја почитуваат нашата приватност додека жалиме за неговата загуба“, рече портпаролот на Рик во име на семејството Харисон.

Адам беше второ дете на Рик Харисон и неговата поранешна сопруга Ким.

Рик на својот Инстаграм објави фотографија со починатиот син проследена со потресните зборови – “Секогаш ќе бидеш во моето срце! Те сакам Адам!”.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rick Harrison (@rick_harrison)

Инаку, Рик Харисон на јавноста ѝ е особено познат по реалното шоу “Pawn stars”.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....