11:26 - 9 ноември, 2026

Почина доајенката на македонската народна музика Атина Апостолова: Била пронајдена мртва во својот дом

Почина доајенката на македонската народна музика Атина Апостолова (78). Безживотното тело на пејачката било пронајдено во нејзиниот дом. Според некои нејзини колеги, Атина неодамна имала операција на срце, но се чувствувала добро.

Ќе остане запаметена не само по прекрасниот вокал, туку и по специфичната интерпретација на  македонските народни песни кои ги изведуваше од душа, а каде и да се појавеше ширеше позитивна енергија. Често беше дел од хуманитарни концерти, некогаш иницирани токму од неа.

Атина Апостолова е родена на 20 мај во 1946 година во Скопје. Дипломирала на Економскиот факултет. Нејзини најпознати песни се Запејте мераклии, Цела вечер ќе ти пејам, Верувај ми, Усни румени, Те видов и се заљубив, Иле Илија и многу други.

Слични објави

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova
Се вчитува....