09:40 - 4 април, 2026

ПОЧИНА АКТЕРКАТА МАЈДА ТУШАР

Актерката Мајда Тушар почина вчера во Скопје на 72 години, соопшти нејзината матична куќа Драмски театар. Тушар беше членка на ансамблот на Драмски од 1972 до 2015.

„Со неизмерна тага ви соопштуваме дека утрово почина нашата драга колешка и актерка“, стои во објавата.

Мајда Тушар (родена на 24 јуни 1950 година) дипломираше актерска игра во првата класа на Факултетот за драмски уметности Скопје и веднаш по дипломирањето активно се вклучи во тековниот репертоар на театарот, особено во проектите на Вечерната сцена.


Меѓу најпознатите театарски улоги по кои ќе ја паметиме се Рут во „Дејството на гама зраците врз сенишните невени“, Лисјена во „Болва во уво“, Дафина во „Јане Задрогаз“, Неда во „Црнила“, Ленче во „Ослободување на Скопје“, Орсолина во „Рибарски караници“, Невестата во „Чудото на Свети Ѓорѓи“, Клодија во „Тетовирани души“, Кристина во „Сили во воздухот“, Медеја во „Медеја“ и многу други.


Мајда остави голем белег и во македонската кинематографија со улогите Анѓа во филмот „Истрел“, Даница во „Парадоксот на Диоген“, Босилка во серијата „Наши години“, Маре во филмот „Оловна бригата“, Кони во серијата „Наше маало“…

Актерката беше добитничка на престижната награда „Св. Климент Охридски“ за исклучителен придонес во областа на театарот. Ја доби наградата за актерка на годината за нејзиното толкување на ликот Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“, за истата улога ја освои и наградата „Војдан Чернодрински“…

Слични објави

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо
Се вчитува....