12:59 - 8 ноември, 2026

(Фото) По страшната вест за нејзината болест се огласи Ванда Нара: „Ги чекам дополнителните наоди и ги слушам советите од професионалци“

Топ моделот Ванда Нара се огласи на социјалните мрежи првпат откако беше објавено дека таа боледува од леукемија.

„Во четвртокот своеволно одлучив да ја напуштам болницата за да тестирањата се завршат во специјализирана клиника. Како и сите мајки, се обидов да ги скријам своите стравови и анксиозноста од децата, особено затоа што немам точна дијагноза. За жал, тие во петокот видоа дека новинар ја објавил дијагнозата која ја немам“, изјавила Ванда.

Таа додала дека нејзините деца дознаваат сè од неа и дека ова не требало да биде исклучок. Сепак, молчела затоа што сè уште ништо не е потврдено.

„Му благодарам на семејството, сите пријатели и вам кои ми пружате љубов. Веќе сум дома, ги чекам дополнителните наоди и ги слушам советите од професионалци. Ќе ја чувам приватноста, особено поради тоа што сакам да ги заштитам своите деца“, напишала водителката на социјалните мрежи.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanda nara (@wanda_nara)

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.
Се вчитува....