19.8 C
Скопје
03:41 - 10 септември, 2026

Петар Грашо доби ќеркичка со 14 години помладата сопруга: „Хрватските Меган и Хари“веќе одбраа име за бебето

Сопругата на Петар Грашо, Хана Хуљиќ денеска се породила во Сплит и родила девојче.

Петар во март годинава се ожени со својата избраничка Хана, а сега нивниот дом стана побогат за еден член, пишуваат хрватските медиуми.

Претходно во медиумите беше објавено дека брачната двојка избрала име за девојчето и дека ќе се вика Алба.

Грашо никогаш не сакал да изнесува детали за својот приватен живот во јавноста, а неодамна призна дека оваа медиумска популарност не му се допаѓа откако се дозна дека е во врска со Хана.

-Јас и Хана си го живееме животот пристојно, приватните детали не ги споделуваме со јавноста, а тоа веројатно уште повеќе ги мотивира медиумите кои се желни за сензации. Забавно ни е како всушност станавме медиумска мета, а не помрднавме ни прст за тоа. Воопшто не се оптоваруваме, не забавуваат сите тие написи и насловни страници со бомбастични наслови и тенка содржина. Најмногу не насмеа веста дека станавме хрватски „Меган и Хари“ – рече Грашо и истакна.

– Секогаш ми беше важно да не ги заморувам луѓето со неважни ситници и музиката да биде единственото нешто што ги интересира поврзано со мене, а и Хана е слична личност. И покрај тоа, ние сме во сосема спротивни ситуации. Медиумите се тука да пишуваат, ние сме тука да живееме и тоа е круг кој постојано се врти – изјави претходно Петар Грашо за хрватските медиуми.

Слични објави

Само што се врати кај татко ѝ, веќе си замина – Ѓина Џиновиќ повторно ги спакувала куферите по еден ден во Белград

Еспресо

(Фото) Анѓелка Стевиќ Жугиќ сподели убава вест со својот сопруг – сите им честитаа: „Нека е со среќа!“

Еспресо

Кинеска астрологија која се темели на бенките на телото

Еспресо

Тамара отворено за љубовта: Му го проверив телефонот на Лука, а со видеото за раскинувањето претерав

Еспресо

Како да знаете дали сте претерале? Висок крвен притисок, главоболка и тахикардија се јавуваат при висок внес на кофеин

Еспресо

(Фото) Цеца по неколку години повторно влезе во вилата на Кипар: Луксузниот имот го купила на кредит, а сега покажа како изгледа

Еспресо
Се вчитува....