24.8 C
Скопје
16:26 - 3 октомври, 2026

Шакира шокирана од изјавите на нејзината мајка во медиумите: Таа го брани Пике и навива за него

Шпанските весници денес се полни со Шакира која, според тоа што се пишува, е исфрустрирана поради ставовите на нејзината мајка, кои се во одбарана на фудбалерот.

Шакира станува сè пофрустрирана откако нејзината мајка зборуваше за печатот за раскинувањето на колумбиската пејачка со нејзиното момче Жерар Пике, пишуваат шпанските весници.

Според информативниот сајт Marca, хитмејкерката на Waka Waka побарала од нејзината мајка да престане да зборува за медиумите, особено да престане да зборува за нивната врска!

Мајката на Шакира, Нидија Рипол, за време на разговорот за Европа прес, изразила дека чувствува наклонетост кон фудбалерот.

„Секако дека би сакала пак да бидат заедно“, рекла Рипол, според Informalia.

Одговарајќи на гласините дека пејачката ќе се пресели во Мајами, таа рекла: „Немам поим, не сме разговарале за тоа“.

Во меѓувреме, Роберто Гарсија, поранешното момче на една од сестрите на Шакира, откри за шпанската медиумска компанија EsDiario дека Пике побарал од Шакира пари за инвестиција, а таа  го одбила.

Според Гарсија, инцидентот предизвикал раздор во нивната врска и двајцата раскинале по серија расправии и тепачки.

„Според она што ми го кажа многу близок до нив, меѓу двајцата имало економски проблем“, изјави Гарсија за медиумите.

„Наводно, Пике побарал пари од Шакира за инвестициско прашање, а семејството на пејачката одбило да му ги даде“, додаде тој. „Не сакаат да ги мешаат семејните пари“.

Слични објави

„Со Душко можам да се смирам за една минута“: Карлеуша проговори за поранешниот сопруг и за новиот помлад дечко

Е.А.

Неда Украден откри зошто зетот го истетовирал нејзиниот лик

Т.Ц.

(Фото) Му се суди за убиство на сопругата, пејачката Јелена Марјановиќ: Зоран Марјановиќ синоќа претепан во станот

Еспресо

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

„Врската на далечина може да опстане“: Лара Иванова е повторно вљубена

Еспресо

„Кој ти е крив, ти ме избра мене“: Хари Мата Хари знаел за вонбрачниот син од првиот ден

Е.А.
Се вчитува....