10:04 - 9 ноември, 2026

Песков: Русија не прифаќа воведување плафон за цената на руската нафта

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков изјави дека се подготвува одговор на одлуката за воведување плафон за цената на нафтата во ЕУ.

„Одлуките се подготвуваат. Едно е јасно: нема да признаеме никакви плафони“, нагласи портпаролот на Кремљ, пренесуваат руските медиуми.

Претходно, земјите од Г7 (Велика Британија, Германија, Италија, Канада, Франција, Јапонија и САД) и Австралија се договорија за воведување максимална цена на руската нафта што се испорачува по морски пат од 5 декември, по 60 долари за барел.

Од денес, Европската унија ќе престане да ја прифаќа руската нафта што се транспортира по морски пат, а земјите од Г7, Австралија и Европската унија ќе воведат ограничување на цената на нејзиниот поморски транспорт на договорено ниво.

Според вицепремиерот на Руската Федерација Александар Новак, Русија нема да донесе таква одлука и едноставно ќе престане да ја испорачува својата нафта на оние држави кои ја поддржале одлуката.

Слични објави

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо
Се вчитува....