3.8 C
Скопје
06:54 - 20 октомври, 2026

Амал Клуни била запросена на „катастрофален начин“: Џорџ Клуни со исповед за збунувачката сцена со прстенот за саканата

Актерот Џорџ Клуни искрено проговори за катастрофалниот начин на запросување на сопругата Амал.

Џорџ Клуни неодамна беше гостин во ток-шоуто на Дру Баримор на CBS. За време на разговорот со ѕвездата од филмот „Чарлиевите ангели“, актерот се присетил како и предложил брак на сопругата Амал.

„Тоа беше катастрофа, а планирав сè, до тели“, призна тој.

Џорџ ја поканил Амал на романтична вечера во неговата куќа.

„Го ставив прстенот во фиоката и направив вечера. Во тоа време, се гледавме веќе околу шест месеци “, рече тој.

Потоа, според зборовите на актерот, тој ја замолил својата сакана да земе нешто од фиоката каде што бил прстенот, додека во позадина се слушала песната на неговата тетка Розмари со зборовите „Зошто да не искористам шанса кога романсата поминува“.

„Таа го гледа прстенот и вели: „Ух, има прстен таму“. Мисли дека некој го оставил пред години, а јас сум веќе тука, пред неа на колена“, се присетува низ насмевка глумецот.

Амал не сфатила веднаш дека прстенот е наменет за неа, мислејќи дека некоја од поранешните девојки на Џорџ го заборавила.

Џорџ и Амал Клуни ја објавија својата свршувачка во април 2014 година, а се венчаа пет месеци подоцна во Венеција. Во јуни 2017 година, парот доби близнаци – ќерката Ела и синот Александар

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....