12:20 - 29 ноември, 2026

Пентагон ги истражува извештаите дали руски ракети ја погодиле Полска

Пентагон објави дека не може да ги потврди информациите дека два руски проектили паднале во Полска и убиле две лица, пренесува Ројтерс.

– Свесни сме за извештаите во печатот дека две руски ракети погодиле локација во Полска, во близина на границата со Украина. Во моментов немаме никакви информации кои би ги потврдиле овие извештаи, дополнително го истражуваме тоа – изјави портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.

За потсетување, во селото Пржеводов на полската страна на полско-украинската граница во попладневните часови се случи експлозија во која според првичните информации две лица загинале.

Полска е членка на НАТО. Членот 5 налага дека во случај на напад врз една членка, сите други членки мора да ја бранат.

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....