20.1 C
Скопје
23:30 - 10 јули, 2026

Олена Зеленска искрено проговори за брачниот живот: „Нашата врска е на пауза“

Првата дама на Украина за Си-Ен-Ен откри дека нејзината врска со сопругот, претседателот Володимир Зеленски е на „пауза“ затоа што им е забрането да се гледаат подолго време за време на војната.

Во интервјуто емитувано во вторникот, Олена Зеленска и откри на познатата новинарка Кристијана Аманпур дека не смее често да се гледа со својот сопруг, а кога ќе го види тоа е само на кратко.

„Но, барем физички го чувствувам покрај мене. Ова не е нормално. Не е нормален односот кога децата не можат да го видат својот татко и мораат да разговараат со него на телефон. Така што нашата врска е на пауза исто како и за сите Украинци. Чекаме повторно да се собереме, повторно да бидеме заедно, да поминуваме вечери заедно и да разговараме со децата за нивните работи“, изјави таа за Си-Ен-Ен.

И Зеленски и неговата сопруга одбија да ја напуштат Украина по инвазијата на Русија на 24 февруари.

Во првите два месеци од војната, семејството воопшто не можело да се види. Зеленски живеел во својата канцеларија со својот персонал, додека Олена и нивните две деца на возраст од 17 и 9 години биле чувани на тајна локација.

Во своето интервју за Си-Ен-Ен, Зеленска исто така рече дека тековната војна, која се оддалечи од Киев и се интензивираше во источниот регион на Донбас, и нанесе голема штета на земјата и дека во моментов „не може да се види крајот на нивните страдања“.

Олена Зеленска за Аманпур: „Јас сум како плакар преживеан во срушена зграда во Бородинка“, „Не можеме да го видиме крајот на нашето страдање“

Слични објави

(Фото) Сека Алексиќ позираше во тесни хеланки и кратка маичка – пејачката ослабе, се пофали со својата трансформација

Еспресо

(Фото) Ена Чолиќ во жешко издание – позираше во минијатурно бикини на плажите во Грција

Еспресо

(Фото) „Те сакаме бескрајно“: Ана Севиќ и Дарко Лазиќ го прославуваат роденденот на ќерката Лорена

Еспресо

Ретка приказна за Кире Костов објавена три години по неговото заминување

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ по 7 месеци се огласи од Шпанија: Цврсто ја прегрнал сопругата, па испрати порака што збуни многумина

Еспресо

Совршен подарок: Мали уметнички дела од восок – креации што го разубавуваат секој простор

Еспресо
Се вчитува....