16:04 - 8 ноември, 2026

„Од Миша Гроф го сакам само материјалното што ми припаѓа“: Николина Пишек е бесна како рис!

Драмата во семејството на покојниот Видоје Ристовиќ не стивнува! Неговата вдовица, хрватската водителка Николина Пишек, се огласи и жестоко му одговори на свекорот Витор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф, откако конфликтот околу имотот продолжи. Оставинската постапка сè уште не е започната, а сè е во застој токму поради српскиот бизнисмен, кој наводно на секој начин се обидува да го запре процесот на поделба на имотот меѓу него, вдовицата на неговиот син и другите членови на семејството.

Во интервју за српски „Курир“, Николина засега нагласи дека од својот поранешен свекор не бара ништо повеќе од она што законски ѝ припаѓа.

– Точно е дека од Витор Ристовиќ ме интересира само материјалното, но исклучиво она што ми припаѓа по закон! Не само мене, туку и на мојата ќерка. Само сакам случајот да се покрене што е можно побрзо и да дојдеме на суд, каде што ќе ги изнесеме фактите, а не лагите и инсинуациите – порачала остро таа.

Вдовицата на Видоје тврди дека Миша Гроф бил отстранет од неколку судски процеси во Хрватска затоа што, тврди таа, не ги почитувал роковите и никогаш не ги доставил доказите што ги ветил.

– Судот одлучи дека повеќе нема време да чека тој да „приложи“ нешто. Тој беше повеќепати покануван, одложуваше и на крајот ништо. Тоа доволно зборува за неговиот однос кон вистината – рекла Николина.

Водителката, исто така, наведува за „Курир“ дека Миша има пристап до станот, кој требало да биде запечатен од смртта на нејзиниот сопруг Видоје до рочиштето за оставинска постапка, како и дека можел да ги скрие документацијата и доказите.

– Таа ноќ кога почина мојот сопруг, полицијата му ги предаде клучевите од станот на Миша! Видоје беше познат по тоа што сè уредно чуваше и документираше. А сите знаеме кој бил единствениот што имал пристап до тие документи – рекла таа, алудирајќи на свекорот Миша Гроф.

Како што додава, таа чека на формирање на рочиштето за оставинската расправа и истакнува дека постојат купопродажни договори за недвижностите пред 2013 година, кои сè уште не се внесени во катастарот.

Таа особено ги коментирала изјавите на Миша дека планира да донира некои уметнички дела на музејот.

– Не знам дали е свесен што брбори! Ниедна сериозна држава не би прифатила како подарок работи за кои знае дека се предмет на оставинска постапка! Тоа не е според законот и не знам кој музеј би се компромитирал така – рекла Николина.

 

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....