21:21 - 3 ноември, 2026

„Никој не знае дека сум половина Македонец“: Мат Киатипис, светската ѕвезда на уличната кошарка, откри дека има македонско потекло

Името Мат Киатипис молскавично стана светски познато, тој ја достигна својата слава преку автентичниот начин на играње улична кошарка „1 на 1“. Киатипис е брутален, агресивен, драматичен, тоа го прави различен и впечатлив, посебно кај младата публика.

Особено е познат по 1-на-1 улични кошаркарски предизвици, кои ги снима и ги објавува на Тикток, Инстаграм и Јутјуб. Мат се обидува 1-на-1 кошарката да ја претвори во глобален спортски формат, па патува низ различни земји и предизвикува локални кошаркари. Има огромна публика на социјалните мрежи. Во 2024 година се пријавил за НБА-драфтот, но не бил избран.

Со своето спортско шоу патува насекаде низ светот, а деновиве пристигна и во Македонија.

Спортистот играше во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје и во Куманово, каде бројна публика го поддржуваше на трибините.

Досега сум посетил 50 земји, но искрено денеска беше највпечатливот настан за мене и мојата кариера. Успеавме да ги срушиме бариерите за регуларниот уличен баскет и да покажеме дека прекрасниот натпревар „1 на 1“ е професионална арена. Да се направи ова во земја надвор  од Америка, ова е голем успех. Од дното на срцето сакам да му се заблагодарам на Скопје, ќе се вратам! – напиша тој.

За Киатипис е познато дека е од Грција, а живее во Канада, но она што е интересно и што ја изненади јавноста е неговата изјава за тоа дека има потекло од Македонија.

„Никој не знае дека сум половина Македонец. Мојата баба Нада се презива Тасевска, а дедо ми Ристовски“, рече Киатипис во изјава за јутјуберот Лазаров.

Тој објасни дека македонското потекло е од страната на неговата мајка и дека доаѓањето во Македонија за него има и емотивна страна, не само спортстка возбуда како и секаде каде што оди.

„Сакам да бидеме на чисто дека овде освен што сакам да направам искуство, посебно е чувството да бидам од кај што се моите корени. Мојот татко е од Лерин, но конечно дојде ред да ги видам моите корени и од страната на мојата мајка“, додаде тој.

Во разговорот тој даде и позитивни зборови за Македонија, велејќи дека тука има најдобра храна, а како мал омилено јадење му било тавче гравче, додека сега, како што рече, обожува ракија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matt Kiatipis (@mkiatipis)

Слични објави

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо

Солзи и аплаузи на промоцијата на „Дом“: Давид Темелков ги расплака Владо Јовановски и Марија Кондовска

apostolova

(Видео) Има само 15 и пол години, а веќе е на големата сцена: Тамара Грујеска успешно дебитираше на „Макфест“

Еспресо

Милица Тодоровиќ ја откри причината зошто таткото на детето се криел: „Мајка ми ми рече дека така е најдобро“

Еспресо
Се вчитува....