20:26 - 3 ноември, 2026

Џина Џиновиќ ги искритикува познатите: „Даваат 450 евра за обична бела маица, тоа е чиста глупост“

Ќерката на пејачот Харис Џиновиќ, Џина Џиновиќ, остро ги критикуваше луѓето од своето опкружување и естрадата поради бесмисленото трошење пари на скапа секојдневна облека.

Одговарајќи на прашања на Инстаграм за тоа каде купува секојдневни парчиња гардероба, таа откри дека едноставните работи ги купува во обични, пристапни продавници.

„Колку и да сакам брендирана облека, бесмислено ми е да дадам пари за обична маица или фармерки кои со ист квалитет можам да ги купам било каде. Не ми е нормално да дадам 450 евра за обична бела маица, како што прави половина од моето опкружување. Тоа е глупост. Не е работата во тоа дали имаш пари за расфрлање, туку во принципот, да знаеш за што вреди да потрошиш, а што е чист глупост“, порача Џина.

Таа исто така откри дека една познаничка се обидела да ја омаловажи нарекувајќи ја „Miss highs and lows“ бидејќи комбинира евтина облека со луксузни брендови, но Џина истакна дека не планира да го менува својот став:

„Колку и да имам пари и да сум во можност да ги ‘фрлам’ на што сакам, нема да ги давам за обични парчиња. За мене тоа е лудост и чисто безобразие кон сопствените пари“.

Слични објави

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо

Солзи и аплаузи на промоцијата на „Дом“: Давид Темелков ги расплака Владо Јовановски и Марија Кондовска

apostolova

(Видео) Има само 15 и пол години, а веќе е на големата сцена: Тамара Грујеска успешно дебитираше на „Макфест“

Еспресо

Милица Тодоровиќ ја откри причината зошто таткото на детето се криел: „Мајка ми ми рече дека така е најдобро“

Еспресо

Дани Димитровска го посети синот Лазар во Холандија: Сакав да биде независен, да научи да живее далеку од мене

Еспресо

Бугарскиот крал на фолкот како Спајдермен — Азис ги изненади следбениците за Ноќта на вештерките

E.A.
Се вчитува....