19:21 - 3 ноември, 2026

(Фото) Впечатливо претставување на македонската убавица Ева Величковска на Мис на светот

Македонската претставничка Ева Величковска го имаше своето прво официјално претставување на Мис на светот 2026, чие јубилејно 75. издание вчера свечено беше отворено во заливот Халонг во Виетнам.

Дваесетгодишната Ева е меѓу претставничките од 106 земји и територии, а по отворањето сподели фотографии од свечената вечер.

„Вечерта на отворањето на ‘Мис на светот’. Каква вечер!“, напиша таа.

Фото: Инстаграм/Ева Величковска

За првиот дел од церемонијата, Величковска се појави во традиционалната виетнамска облека ао даи.

Таа носеше впечатлива креација во жолто-златна нијанса со цветни мотиви, а изгледот го надополни со традиционална конусна шапка.

Фото: Инстаграм/Ева Величковска

Подоцна Ева се претстави и во гламурозен долг фустан, богато украсен со светкави камења и кристални детали.

Фото: Инстаграм/Ева Величковска

На свеченото отворање кандидатките беа поединечно претставени пред публиката, а вечерта беше збогатена со музички и уметнички настапи посветени на виетнамската култура. На крајот, сите учеснички продефилираа во вечерни фустани, а спектаклот заврши со огномет над заливот Халонг.

Ева Величковска има 20 години и е студентка на Славјанскиот универзитет во Скопје.

Слични објави

(Видео) Има само 15 и пол години, а веќе е на големата сцена: Тамара Грујеска успешно дебитираше на „Макфест“

Еспресо

Милица Тодоровиќ ја откри причината зошто таткото на детето се криел: „Мајка ми ми рече дека така е најдобро“

Еспресо

Дани Димитровска го посети синот Лазар во Холандија: Сакав да биде независен, да научи да живее далеку од мене

Еспресо

Бугарскиот крал на фолкот како Спајдермен — Азис ги изненади следбениците за Ноќта на вештерките

E.A.

(Видео) Ова е свршеницата на Војаж со која доби дете: Се занимава со јавна работа, но ја чува приватноста

Еспресо

„Тијана плачеше на секоја моја песна“: Тамара откри како сестра ѝ реагирала на новиот албум, а раскажа и што најмногу сака да пее малата Хана

Еспресо
Се вчитува....