14:41 - 12 ноември, 2026

Ники Минаж помина шест часа во полициска станица, осомничена дека поседува дрога: Сега се огласи

Популарната пејачка сега се огласи и се извини јавно.

Таа го снимила целиот инцидент, а на Инстаграм објавила видео од разговор со вработени на аеродромот во Амстердам. Цело време ги обвинувала дека вторпат ја принудувале да ја достави чантата до безбедносната контрола, а потоа ѝ било кажано дека мора да оди во полициска станица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbie (@nickiminaj)

Сето ова се случило поради сомнеж дека раперката имал одредена количина дрога со себе, а Ники подоцна објасни дека поминала шест часа во ќелија.

„Ве молам, ве молам, ве молам, прифатете го моето најдлабоко и најискрено извинување. Ќе најдам начин не само да го надокнадам датумот со настапот, туку ќе создадам дополнителен бонус за сите што имаа билет за овој концерт“, рече таа, пренесува „The Sun“.

За потсетување, Ники имаше закажан настап во Манчестер, но не успеа да стигне бидејќи беше приведена во полициска станица. Откако била пуштена, отишла во хотел во Манчестер, а надвор веќе ја чекале фоторепортерите.

Слични објави

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.
Се вчитува....