20:14 - 28 ноември, 2026

„Не знаев зошто немам пари“ – Лејди Гага беше на врвот, полнеше стадиони, а немаше скршен денар

Поп ѕвездата Лејди Гага неодамна се присети на турнејата „The Monster Ball“ поради која банкротирала, откривајќи дека не ни знаела дека нема пари.

Таа одржа турнеја во 2010-та година, кога беше надалеку позната како светска ѕвезда, сето тоа благодарение на хитовите кои беа меѓу најслушаните во тој период. Полнеше стадиони и сали ширум светот. Музичката ѕвезда истакна дека не била свесна за она што се случувало.

-Јас всушност банкротирав откако за прв пат ја продолживме турнејата „The Monster Ball“. И беше смешно затоа што не знаев, призна таа.

Таа ги дознала лошите вести од нејзиниот тим:

-Се сеќавам дека им се јавив на сите и реков:

„Зошто сите велат дека немам пари? Ова е смешно, имам пет синглови број 1.“ И ми рекоа „Па, должиш 2,6 милиони евра“.

Пејачката неодамна ја прекина двегодишната врска. Извори за светските медиуми објавија дека причина за пропаѓањето на долгата врска била нејзината желба за брак и семејство, додека нејзиното поранешно момче Мајкл Полански ги немал истите амбиции.

 

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....