02:25 - 28 ноември, 2026

„Нè тераа да се соблечеме едвај полнолетни!“: Трогателната исповед на Рада Манојловиќ по 20 години

Рада Манојловиќ

Српската фолк-пејачка Рада Манојловиќ во текот на целата своја кариера имала само пофални зборови за директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ, особено по неговата смрт.

Пејачката сега раскажала и нешто што малкумина го знаат за Поповиќ, пишува српски „Телеграф“.

Гостувајќи во една емисија, Рада открила како во еден момент директорот на „Гранд“ во тоа време ги заштитил.

Рада раскажала дека таа и нејзините колешки биле на почетокот на своите кариери и биле наивни, и дека не знаеле дека некои проекти можат, како што рекла, да ги „одбијат“ сè додека Саша Поповиќ не им го нагласил тоа.

– Не сум раскажала дека Поповиќ нè заштити од премногу голо фотографирање, сакав да кажам порнографија – почнала Рада.

– Дојдовме на големата новогодишна фотосесија. Ни беше кажано дека сè е договорено со Сале и дека ни подготвиле костими за капење. Требаше да бидеме Дедо Мразици, имавме капи и бевме целосно голи. Девојки од 19, 20 години, навистина бевме деца –  ја продолжила својата приказна Манојловиќ.

– Замислете, се појавувате на сцената во „народно“ издание, културно, а на првата насловна страница да бидеме голи! Кога Поповиќ го слушна тоа, веднаш се јави во таа медиумска куќа: „Овие фотографии! Ова не може! Веднаш да им донесете фустани што одговараат на нивните години!“ – се присетила Рада.

– Жал ми е кога зборуваат за тоа како тој „присилувал некого да се соблекува“. Тогаш нè заштити и покажа дека не мораме сè да правиме – заклучила пејачката за „Гранд“.

 

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....