17.8 C
Скопје
15:30 - 18 октомври, 2026

Не можеле да одат ни во веце: Поранешната куќна помошничка на Џеф Безос го тужи богаташот поради прекумерена работа и небезбедни работни услови

Поранешната куќна помошничка на основачот на Амазон Џеф Безос го тужела бизнисменот. Според неа, таа и другите чистачи страдале од небезбедни работни услови, пишува АП.

Тужбата ја поднесе Мерцедес Уедаа, која со години работи за богати жители на Сиетл, вклучувајќи го и починатиот ко-основач на Мајкрософт, Пол Ален. Во 2019 година, таа беше ангажирана да биде „координатор за домаќинство“ на Безос. Во почетокот била единствената чистачка, но подоцна имала помошници.

Мерцедес Уедаа тврди дека била дискриминирана и дури потоа решила да го тужи Безос. Таа верува дека била отпуштена поради „смешно измислена причина“ дека изгледала „несреќна“ и дека имала лошо влијание врз тимот за домаќинство.

Во тужбата се наведува дека Уедаа можела да работи до 14 часа на ден, додека никогаш не и било кажано за нејзиното право на паузи за одмор. Чистачите немале посебна просторија за одмор и можеле да јадат само во пералната.

Покрај тоа, кога семејството Безос било дома, на куќните помошници не им било дозволено да ја напуштат пералната и морале да се искачат низ прозорецот во задната соба за оттаму да стигнат до тоалетот. Поради недостиг на лесно достапен тоалет, домаќинките често добивале уринарни инфекции, се вели во тужбата.

Адвокатот на Џеф Безос, Хари Корел, ги нарече тврдењата апсурдни и рече дека Уедаа била отпуштена од причина за недобро сработена работа. Според него, куќните помошнички имале неколку тоалети и соби за одмор.

Слични објави

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.
Се вчитува....