00:50 - 8 ноември, 2026

Натали Портман сепак не може да премине преку неверството на сопругот: Реши да се разведе по 11 години брак

Наградуваната актерка Натали Портман минува низ многу тежок период во животот откако во јавноста протекоа гласини дека нејзиниот сопруг Бенџамин Милепид имал афера. Парот кој не сакаше јавно да се експонира и да ја открива својата интимност пред камерите сега привлече големо внимание.

Извор за UsWeeky изјавил дека нивниот 11-годишен брак е завршен, а обидите да се спаси бракот завршиле со неуспех.

„Откако веста за неговата афера излезе во јавноста, тие се обидоа да поработат на својот брак, но моментално се во распад“, тврди изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natalie Portman (@natalieportman)

Веста за нарушениот однос ја потврдува и фактот што Портман минатата недела е видена во Сиднеј без Милепид, и покрај тоа што им била годишнина од бракот. Покрај тоа, забележано е дека повеќе не го носи свршеничкиот прстен. Сепак, танчерот ја моли актерката за прошка и прави се што може за да ја спаси нивната врска.

Милепид и Портман првпат се запознале во 2009 година додека работеле на филмот „Црниот лебед“, за кој тој обезбедил кореографија. Тие се свршија во декември 2010 година и се венчаа во август 2012. Заедно имаат две деца, синот Алеф, роден во јуни 2011 година и ќерката Амалија, родена во февруари 2017 година.

Иако парот се раздели извесен период во 2022 година, потоа се смириле до нивната 10-годишнина во август. Францускиот магазин Voici тврди дека Портман ја открила наводната афера на нејзиниот сопруг на почетокот на март 2023 година.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....