15:23 - 7 ноември, 2026

Бијонсе платила 100 илјади долари за возовите да ги возат нејзините обожаватели уште еден час

Откако нејзиниот концерт во Мериленд мораше да биде одложен за еден час поради невреме, Бијонсе платила 100.000 долари за возовите да продолжат да возат уште еден час за да можат нејзините обожаватели од концертот да се вратат дома.

Управата за транзит (Washington Metropolitan Area Transit Authority) во соопштение за јавноста откри дека Renaissance World Tour ја платила сметката за „придвижување повеќе возови, оставени отворени сите 98 железнички станици и други оперативни трошоци“ за дополнителниот час на железнички услуги. 41-годишната пејачка обично излегува на сцената околу 21 часот, но во неделата задоцнила бидејќи службите испратиле предупредување за опасното време и им наложиле на жителите да побараат засолниште поради невремето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce)

Иако дождот продолжи да паѓа во текот на целата вечер, тоа не ја спречи Бијонсе да го одржи концертот. Посетителите биле пуштени во салата околу 20.25 часот, а благодарение на Бијонсе доцнењето не им ги нарушило плановите за враќање дома.

Слични објави

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.
Се вчитува....