13.8 C
Скопје
02:30 - 1 мај, 2024

Најскандалозниот пар од светот на фудбалот се разведува: „Подготвени сме да се убиеме за милиони“

Ванда и нејзината адвокатка работат на процес на развод. Поранешната сопруга на Икарди сака околу 100 милиони долари, вклучувајќи недвижен имот и луксузни уметнички дела, но и да има право на половина од заработката на фудбалерот до крајот на кариерата.

инстаграм

Мауро Икарди и Ванда Нара одамна направија реално шоу од својот живот. Постојани скандали, пикантни фотографии и чудни приказни ги прогонуваат повеќе од една година. Но, конечно сето тоа ќе заврши. Фаталната Нара поднесува барање за развод со желба да му земе сè на фудбалерот милионер.

Како им започна врската

Врската помеѓу Икарди и Нара е изградена на непријатна приказна. Им почна со скандал. Во 2011 година, надежниот Икарди потпиша договор со италијанска Сампдорија, каде веднаш се спријатели со сонародникот Макси Лопез. И покрај деветгодишната разлика во годините, играчите брзо најдоа заеднички јазик и почнаа да се дружат. Мауро го посетуваше Лопез и го запозна неговото семејство, вклучително и неговата сопруга Ванда. И така се случи пресвртот – Икарди не само што ја украде сопругата на пријателот, туку му ги зеде и трите деца. Во 2014 година Мауро и Ванда се венчаа, а подоцна добија уште две деца, а во 2015 година, поранешната порно актерка Нара стана агентка на Мауро. Добро си ја заврши работата – издејствува за сопругот договор вреден 5,5 милиони евра годишно во Интер, а потоа издејствува трансфер во ПСЖ, молзејќи уште повеќе од кралските договори на партнерот.

Икарди ја изневери сопругата, ама ѝ ги префрли сите пари

Раздор во бракот се случи есента 2021 година. Нара го обвини Икарди за неверство. „Уништуваш семејство поради неморална жена“, напиша Ванда на социјалните мрежи. Во исто време се појавија гласини за романсата на Мауро со актерката Чајна Суарез, а набрзо медиумите почнаа да пишуваат и за аферата на Ванда со телохранителот на Икарди.

Инстаграм

Додека фудбалерот се обидуваше да ја спаси врската со сопругата, целосно заборави на фудбалот и слета на клупата на ПСЖ, онака како што му намести сопругата. Мауро ги префрлил сите свои приходи од договори кои важат до 2050 година на Ванда за да ја смири. Ни тоа не помогна, во септември 2022 година, Ванда објави дека се разделува од сопругот. Веднаш потоа се појави во спотот на 22-годишниот аргентински рапер Л-Ганто. На видеото сопругата на екс-напаѓачот на аргентинската репрезентација лежи на кревет и го бакнува младиот музичар.
И по преселбата во Турција, двајцата не успеаа да избегаат од самите себе. Икарди не се фокусираше на фудбалот. Туку беше преокупиран со активностите на својата сопруга. Извесно време, парот сепак се обедини, но во декември стана сосема јасно дека семејството Икарди се распадна.

Како дојде до развод?

Според аргентинското издание на списанието „Сиудад“, Ванда и нејзината адвокатка Ана Розенфелд работат на процес на развод. Поранешната сопруга на Икарди сака околу 100 милиони долари, вклучувајќи недвижен имот и луксузни уметнички дела. Ванда исто така сака да има право на половина од заработката на фудбалерот до крајот на кариерата.
Дополнително, новинарката Естефи Берарди тврди дека Нара бара половина од заеднички стекнатиот имот, вклучувајќи ја и платата на фудбалер. Според Берарди, Ванда на пријателите им кажувала дека „подготвени сме да се убиеме за 20 милиони долари“.

Инстаграм

Оној што ќе остане без децата ќе треба да му плаќа на другиот

Недоразбирањата меѓу Ванда и Мауро не се вртат само околу парите. Двојката има и две ќерки, Франческа и Изабела. Прашањето за застарателстви сè уште не е решено, па така оној што ќе остане без децата ќе треба на другиот да му плаќа половина од платата за алиментација.
Икарди и Ванда, иако разделени, сè уште се препираат на социјалните мрежи.

На 20 декември, на својот Инстаграм профил манекенката Џендалина Родригез се пофали дека е во врска со Мауро Икарди. За нив првпат се зборуваше во 2019 година, кога се дозна дека Родригез и Икарди се заедно. Сепак, оваа вест не ја уништи врската на фудбалерот со Ванда. Дали овие гласини се поврзани со актуелниот развод се уште не е сигурно.

Нара пак, неодамна на својот Инстаграм профил напиша дека „не е во врска со никого“. И собра бројни коментари, а меѓу нив и комнтар од својот сопруг дека „го полудува со повици“, и со прашање до фановите дали таа е најтоксичната личност на светот.

Изгледа дека турската серија на Ванда и Икарди е далеку од завршена.

Слични објави

Кралот Чарл е „премногу зафатен“ за да се сретне со синот Хари: Принцот пристигнува во Лондон

еспресо

Харис Џиновиќ откри дали има нова девојка: Чаршиските муабети се сè погласни!

Еспресо

Сергеј Трифуновиќ по последното апсење: Ова ме смени, сега сум повоспитан

Еспресо

Данијела Мартиновиќ проговори за здравствените проблеми: „Морам да се носам со “

Еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ по разводот на родителите донел неочекувана одлука, пејачката веднаш се огласи

Еспресо

Стоја потрошила 100.000 евра за операции и била во вештачка кома 9 и пол часа: Го променив личниот опис, но луѓето не ме прифатија

jasmina.kantardzieva
Се вчитува....