4.8 C
Скопје
06:16 - 26 април, 2024

На само 10 години Илина е виртуоз со игли и конец

Ве запознаваме со десетгодишната Илина Гајтаноска која обожава да плете. Досега сплела повеќе од 40 играчки, а од малата печурка која прв пат ја сплела денес знае да да сплете огромна медуза. Најомилена ѝ е змијата, но предизвик и се и другите животни и форми. Плете веќе 6 месеци и едноставно ужива во тоа.

фото – приватна архива

– Видов едни виде на Јутјуб како едни лугје плетат и јас сакав да пробам, затоа и кажав на мајка ми да ми купи конци и игли, па пробав да плетам. Но се изнервирав, мислев дека неможам да плетам, но продолжив, успеав и сега плетам. На видеата има туторијали  за плетење кои се читаат и јас ги читам и така знам како да ги сплетам играчките.– започнува малата Илина.

Илина научила да плете од Јутјуб од видеа со целосен процес на изработка на сè што ќе ви падне на памет, со детални насоки за целата постапка, од плетењето на деловите, до шиењето, буквално од почеток до крај. Токму тие видеа на Илина и станале многу интересни и решила да научи да плете.

– Првото нешто што го сплетов беше со тенка игла,  мислејќи дека ќе ми биде полесно, па пробав со дебела игла, но со неа ми беше уште потешко.

Иако Илина на почетокот се разочарувала поради неуспесите, сепак не се откажала. Првата печурка која ја направила, од неубава , прераснала во една од омилените играчки.

– Првата моја изработка е малото печурче, кое на почетокот ми беше неубаво, но сега е моја омилена играчка и знам дека е убава.

Засега, плетењето играчки ѝ е најинтересно, а секоја следна креација е сè поголема, како сивата медуза сплетена со многу радост.

– Најтешко ми беше плетењето на морската желка, можеби не толку тешко колку што подолго време ја плетев, ми снема конци па и кажав на мајка ми да ми купи конци за да ја довршам. Желката ја плетев една недела. Најомилена играчка ми е жолтата змија. – раскажува Илина.

Малата плетачка, списокот и инструкциите за тоа какви конци и бои и се потребни и ги испраќала на мајка, честопати водејќи се од идејата за новата креација која сакала да ја направи.

– Јас и ги нарачувам боите на мајка ми, ако ми текне нешто да сплетам и кажувам неа која боја да ми ја купи за да можам да ја направам. Употребувам дебели и меки конци, некогаш и тенки конци, дебели и тенки игли, а играчките ги полнам со памук.

фото – приватна архива

Илина сега за сега не размислува да ги продава своите изработки. Но нарачките и пристигнуваат од сите страни.

– Имам 10 нарачи сега за сега најмногу морски желки, за летово треба да им сплетам играчи на другарчињата, но ќе се одморам прво па после ќе плетам, да можам да им ги дадам во училиште.

А на другарчињата на Илина им се допаѓа нејзиното хоби и некои од нив дури посакале таа да ги подучува.

– Некогаш им покажувам како се плете, но не сакаат да научат, мислат дека е тешко, но не е. На мојата најдобра другарка Камелија и подарив бела змија која ја крстивме Снегулка. – вели Илина.

Илина е дете за кое знаеме дека поголемиот дел од времето го поминува плетејќи и навистина многу ужива во тоа. Нејзина желба е во иднина да има своја продавница за плетени ракотворби.

фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива

 

 

Слични објави

Српските естрадни ѕвезди се простуваат од Џаро: „Патувај легендо, мами ги ѕвездите на небото“

еспресо

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо
Се вчитува....