21.8 C
Скопје
13:29 - 29 септември, 2026

На Кејти Пери за време на настап ѝ пукнаа кожните панталони на задникот, а таа успеа да се снајде и да ја насмее публиката

Пејачката Кети Пери е член на жирито на овогодинешното шоу „Американски идол“, а во последната епизода од шоуто за таленти пред сите и пукнаа кожените панталони, токму на задникот. Но, духовитата Кети веднаш најде решение за оваа ситуација.

Се се случило додека 37-годишната Пери го пеела својот голем хит „Teenage Dream“. Натпреварувачите ја наговориле да импровизира со нив, таа клекнала и го запеала рефренот, а потоа се слушнал звукот на нејзините тесни црвени панталони кои пукаат, но пејачката веднаш успеала да се снајде.

– Може ли да добијам лента? – прашала досетливата Пери.

Таа со раката ја покрила дупката на панталоните и се упатила кон асистентите на снимањето. Другите двајца членови на жирито, пејачите Лајонел Ричи (72) и Лук Брајан (45) не можеле да престанат да се смеат. Сепак, Брајан на крајот и помогнал да ја затвори пукнатината.

Инаку, ова не е прв пат Кејти да се најде во ваква ситуација. Пред четири години и пукнаа панталоните додека снимала емисија во истото шоу.

– Денеска имам добри и лоши вести. Нема да можам да настапувам во живо – напишала Кејт тогаш на Твитер и открила дека и се искинале панталоните.

Слични објави

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо

Дневен хороскоп за 29 септември: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....