10.8 C
Скопје
02:28 - 12 мај, 2024

Морничаво сведочење на новата жртва на Хју Хефнер: „Ме скрши како што би скршил коњ…“

Одри Хаски (47) престојувала во вилата на Плејбој во 1994 година откако била поканета да направи пробни фотографии за списанието. По првиот ден од снимањето Хефнер ја поканил во својата соба за да ги погледне фотографиите. Извадил марихуана, ги соблекол панталоните и ја силувал. Хаски никому не кажала што се случило: „Мислев дека ќе западнам во неволја“, изјави таа.

Уште една жена го обвини Хју Хефнер за силување, наведувајќи дека покојниот шеф на Плејбој ја поканил во неговата спална соба да ги прегледа нејзините фотографии, а потоа ги спуштил панталоните и ја силувал.

Одри Хаски изјави дека во 1994 година два дена била во Лос Анџелес на пробно снимање за Плејбој и на почетокот се чувствувала „безбедна“ во близина на Хефнер, кој почина во 2017 година, пишува Дејли мејл.

Но, на крајот на првиот ден од снимањето, открива таа, Хефнер ја поканил во неговата спална соба насамо да разговараат за фотографиите, и пред таа да сфати што се случува, тој ја силувал.

Хаски е последната од жените што го обвинија Хефнер за злоставување или недолично однесување, а не е прва што вели дека ја силувал. Таа на 18 години испратила нејзини фотографии во Плејбој со надеж дека ќе ги исполни своите соништа да се занимава со манекенство.

Во 1994 година била поканета во Лос Анџелес да престојува во гостинската куќа во вилата на Плејбој и да направи пробни фотографии за списанието. Отпрвин, вели таа, се чувствувала безбедно кога го запознала Хефнер.

„Тој тогаш беше оженет со Кимберли Конрад. Во една статија прочитав дека имал многу жени, но секогаш бил верен во браковите“, се присетува таа.

Помислила: „Ова е мојата шанса да изградам кариера“.

Но, Конрад не била таму кога дошла Хаски. Уште на вториот ден од снимањето Хефнер ја поканил во неговата спална соба за да ги прегледаат фотографиите од тој ден. „Седев на дното од скалите и размислував дали да се качам горе или не“, се сеќава таа. „Но, тогаш си помислив дека живеам само еднаш. Ова е мојата шанса. Ова е мојата шанса да воспоставам врски и да ја изградам мојата кариера.
Не мислев дека нешто ќе се случи. Хефнер ми ги покажа моите слики. Тие беа кај вратата. Веднаш ме испрати до креветот, а јас седнав. Тој седеше десно од мене, извади џоинт и го запали. Одеднаш ја изгубив моќта на говорот. Потоа тој ги соблече панталоните и… се замрзнав. Тој се качи врз мене и јас бев вкочанета“, се присетува таа.

На прашањето дали Хју Хефнер имал секс со неа без нејзина согласност, Хаски одговори потврдно.
„Да, така беше. Не кажав ништо. Не му дадов дозвола. Што требаше да направам? Ќе престанеше ако кажев не? Не знам. Лежев таму и кога тој заврши ме придружуваше до гостинската куќа. Не знаев што да мислам таа вечер. Само плачев. Следниот ден имав снимање, ама не можев да се помрднам. Не станав од креветот. Не отидов“, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by A&E (@aetv)

Хаски никому не кажала што се случило. „Не знаев што да мислам. Бев преплашена. Мислев дека ќе западнам во неволја – тоа е негова куќа, негова моќ, негова компанија, па морам да премолчам и да си одам дома. А потоа добив писмо по пошта, добив отказ“, открива Хаски. Нејзините фотографии никогаш не се појавиле во списанието.

Таа не го пријавила силувањето

Подоцна и се јавила сопругата на Хефнер, Конрад и рекла дека слушнала за посетата на Хаски во неговата спална соба. Таа ја прашала Хаски дали отишла самоволно или тој ја поканил. „Секако дека тој ме покани, ама не и го кажав тоа. Не сакав да му направам проблем. Тоа беше лудо, тој не се грижеше за мене и за она што ми се случи, а јас го заштитив“, вели таа и додава дека по посетата во Лос Анџелес никогаш повеќе не го видела Хефнер.

„Тоа беше тоа. Бев фрлена, а јас молчев. Тоа те менува, особено начинот на кој дозволуваш мажите да се однесуваат сексуално со тебе. Ми требаше долго време да го сфатам тоа“.

Повеќе обвинувања

Хаски и ги припиша заслугите на Сондра Теодор, девојката на Хефнер од 1976 до 1981 година, за храброста да проговори. Кога слушнала дека Теодор ќе учествува во документарецот, решила да дојде и да разговара со неа, па меѓу другото и открила: „Ме скрши како што би скршил коњ“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by A&E (@aetv)

Слични објави

Швајцарија победи на Песна на Евровизија 2024, за влакно пред Хрватска

Еспресо

Ќе ја видиме ли претставничката на Ирска на евровизиската сцена: Тотален хаос на Евровизија

еспресо

Кончита Вурст повторно на сцената на Евровизија: Еве ги останатите изненадувања за финалето

еспресо

(Фото) Големи нереди на Евровизија: Илјадници Палестинци и нивни поддржувачи протестираат пред арената во Малме

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша отвора онлифанс-профил, ќе позира само за возрасни: „Наскоро!“

еспресо

Познатиот српски пејач паднал од пет метри висина: Рокерот сериозно повреден по несреќата

Еспресо
Се вчитува....