14:28 - 7 ноември, 2026

Мите Стоилков стана татко! Поранешниот финалист на „Ѕвездите на Гранд“ доби ќерка, девојчето има уникатно име

Поранешниот финалист на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, пејачот Мите Стоилков, стана татко. Убавата вест ја сподели со јавноста преку своите профили на социјалните мрежи.

„Љубов, од Бога дарувана. Иларија. 5.03.2026“, напиша Стоилков покрај објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mite Stoilkov (@mitestoilkov)


Мите веќе година и пол е во брак со својата избраничка Марија, а раѓањето на ќерката е ново, радосно поглавје во нивниот живот.

Името Иларија не е многу често на овие простори, но повремено се среќава, најчесто во поголемите градови. Во светски рамки, најпопуларно е во Италија, каде има долга традиција и историја. Се користи и во други европски земји како Шпанија и Португалија, а присутно е и во Латинска Америка. Во последните децении името станува популарно и во Северна Америка, благодарение на интересот за италијанската култура.

Името Иларија потекнува од латинскиот јазик и е поврзано со римските родови. Се развило од името Илариус, кое означува радост и веселост. Низ историјата било поврзано и со христијански маченици и светци, што придонело за неговото ширење низ Европа.

Денес ова име се смета за елегантно и благородно, а неговата употреба ја одразува богатата историска и културна традиција.

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....