13.8 C
Скопје
23:47 - 2 мај, 2024

Мирослав Илиќ за успехот на Александра Пријовиќ: „Во голема опасност е, само да остане здрава и на нозе“

Легендата на народната музика Мирослав Илиќ со фантастичен концерт во преполната Арена во Белград ги награди своите фанови кои веќе се навикнати на неговите музички спектакли, па така беше и овојпат.

И токму тој е првиот изведувач на народна музика кој се осмели да одржи концерт во Арена. „И по толку години се уште се радувам на средбата со публиката, бидејќи тоа е потврда дека тоа што го правите е правилно. Првиот солистички концерт го одржав во 1981 година и оттогаш имам концерти секоја година“.

„Без разлика дали се десет, 12 или два концерта, никогаш немав волја да ги бројам, но верувам дека никој досега нема одржано толку солистички концерти во Белград“, изјави Мирослав за српски „Свет“.

„Јас сум првиот народнњак што одржа концерт во Арена, ми се чини дека беше во 2011 година, сите ме гледаа како „нормален ли е, каква Арена, побогу, навистина е препотентно“.

„Сепак, добро помина. Оттогаш Арената стана статусен симбол, можете да ставите во CV дека сте одржале концерт во Арена, што малку ме нервира. Никогаш не сум сакал нешто што прераснува во статус, ниту часовник, ниту автомобил“, вели Мирослав.

Мирослав потоа искрено се осврна на успехот на својата млада колешка Александра Пријовиќ и отворено призна дека мисли дека Александра е во опасност.

„Ваков екцес одамна немало. Би бил против Александра Пријовиќ да се однесуваше поинаку, но таа се однесува многу пристојно и одмерено. Нејзиниот репертоар е на работ на мојот вкус, но не е бљак. Сосема е добро што се случи, ова се нејзините пет минути и немам никаков проблем со тоа“, вели Мирослав Илиќ за српски Свет, а на прашањето дали тие пет минути слава би можеле да ѝ наштетат на Пријовиќ, тој објаснува како гледа на тоа:

„„Претпоставувам дека треба да ми верувате по 50 години кариера. Ова е многу опасна играчка, мислам на популарност и се што носи успехот во метеријална смисла“.

„Знам многу случаи кои не го издржале тоа на нозе, здрави и нормални. За мене се императив, од првиот момент кога се запознав себеси како човек во првиот тим на големи играчи, зборовите на мојот покоен чичко Обрен Пејовиќ ‘Сине, ти еден ден ќе бидеш голема ѕвезда, но никогаш немој да заборавиш од каде си и како почна“.

„Тоа цело време ми одекнува во главата и мислам дека се сочував од се тоа, и не препознавам во себе лузни од таа популарност и се што носи со себе“, објасни Мирослав.

 

Слични објави

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо
Се вчитува....