22.8 C
Скопје
14:01 - 28 септември, 2026

Мина Костиќ го обвини поранешниот партнер дека лаже: По раскинувањето, една работа ѝ е најважна

Познатиот пејач Игор Икс, живееше во вонбрачна заедница со Мина Костиќ, со која ја има ќерката Анастасија. Игор неодамна во интервју раскажал дека врската со пејачката била турбулентна.

Мина се огласи по овие тврдења на Игор. Нејзиниот поранешен партнер ја поддржал нејзината љубов со новиот дечко, Каспер, што ѝ се допаднало, но за сè останато вели дека е лага.

– Да, го гледав интервјуто и се слушнав со Игор, и ми е драго што и самиот во интервјуто спомена дека онака како што го прикажаа Каспер некои медиуми, тоа нема врска со вистината. Најважно е да имаме добар однос, да ја сакаме нашата ќерка и да се грижиме за неа, бидејќи тоа ни е најважно. Сè останато е лага… – изјави Мина по огласувањето на поранешниот партнер.

Да потсетиме, Игор неодамна изјави дека наводно Мина во еден момент му го ограничувала правото да ја гледа ќерката:

– Во еден момент се обиде да ми го забрани да ја видам ќерката. Се обратив во надлежните институции и го решив тоа. Ми беше тешко и непријатно, бидејќи децата ми се важни. Никогаш не ми падна на памет да ѝ ја одземам ќерката. Кога отидов во социјалната служба, ги побарав моите права за да можам да ја видам својата ќерка, а не да ѝ го земам старателството или да ѝ забранам нешто. Подоцна таа сфати некои работи и ги средивме односите, функциониравме без потреба од било какви институции.

Слични објави

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.

(Фото) Нина Бадриќ во елегантно и заводливо издание – прошета по улиците на Париз во тесен црн фустан

Еспресо

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо
Се вчитува....