13:12 - 7 ноември, 2026

Ново огласување на Јелена Томашевиќ: Ја откри својата дијагноза и како се чувствува

Пејачката Јелена Томашевиќ итно била хоспитализирана откако ѝ се слошило за време на концерт во Бар. Таа сега се огласи на Инстаграм и сподели како се чувствува.

Јелена истакна дека поддршката од публиката многу ѝ значи во овие моменти.

„Драги мои, ви благодарам на сите за прекрасните зборови и поддршката! Ми го стопливте срцето. Се чувствувам добро, а од синоќа имам и нова официјална дијагноза – вртоглавица. Следниот пат ќе пееме за морето и Сонцето“, напиша таа на шеговит начин, алудирајќи на нејзината песна со ист наслов.

Да потсетиме, концертот во Домот на културата во Бар беше прекинат откако пејачката ненадејно се онесвести на сцената. Иако салата била исполнета до последното место, публиката успеала да слушне само една песна.

За време на изведбата на втората нумера, таа одеднаш клекнала на колена, по што членовите на бендот веднаш ѝ притрчале на помош и ја извеле од сцената.

Пејачката била пренесена во службата за итна медицинска помош, а организаторите ја известиле публиката дека концертот се откажува поради нејзината нарушена здравствена состојба.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....