18:31 - 7 ноември, 2026

„Ми падна на памет да го изневерам сопругот“: Сузана Манчиќ искрено за искушенијата во бракот

Водителката Сузана Манчиќ веќе 25 години ужива во љубовта со грчкиот бизнисмен Симеон Цомокос, а сега ја изненади јавноста со искрено признание дека во еден период била во искушение да го изневери.

Сузана и Симеон својата долгогодишна врска ја крунисаа со брак во 2018 година, а оттогаш живеат на релација Белград–Атина.

Симеон Цомокос е познат како бизнисмен, но малкумина знаат со што точно се занимава.

Тој дипломирал право и економија на Универзитетот во Атина, а работел како експерт за комерцијални прашања во Амбасадата на САД во Атина. Бил и извршен директор на Американско-хеленската стопанска комора, како и генерален секретар на деловните совети меѓу Грција и други земји.

Во 1997 година ја основал компанијата SGT, специјализирана за корпоративни комуникации, а подоцна отворил и филијала во Белград – Tsomokos Group International (TGI), пренесоа претходно српските медиуми.

Поранешната „лото-девојка“, која и денес важи за една од најатрактивните јавни личности на српската сцена, отворено зборуваше за искушенијата во бракот и призна дека во еден период ѝ поминала низ глава помислата за неверство.

„Ми падна на памет да го изневерам сопругот, но потоа се преиспитав и сфатив дека не вреди“, изјави Сузана за Hype TV, а потоа проговори и за жените кои, како што вели, често се советувале со неа околу естетските корекции.

„Ме прашуваа дали да направат ова или она, колку им пречат годините. Жените, во принцип, по 35-тата година се жигосани. По 35-тата година сите сме баби, а тоа никому не му е пријатно. Тоа се случува и во семејството и во општеството. Имам пријателки кои се успешни бизнис-жени и имаат одлични работни места, но никогаш не кажуваат колку години имаат, затоа што ако кажат, луѓето не сакаат да работат со нив. Јас немам проблем да кажам дека во ноември ќе наполнам 70 години“, рече Сузана.

 

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....