21:05 - 6 ноември, 2026

(Фото) По многу години повторно заедно – Маријана и Росана снимија нова песна со Александар и Дац

По многу години, сестрите Маријана Новачевска и Росана Тодоровска – Сариќ повторно снимија заедничка песна.

Убавата вест ја сподели Маријана преку својот фејсбук-профил, откривајќи дека деновиве го реализирале новиот музички проект заедно со Александар и Дац.

„Со гордост објавувам дека после многу години деновиве снимивме нова песна, нов хит со Александар и Дац.

За песната „Засекогаш млади“ од композиторот Александар Митевски деновиве се снима и спот со кој ќе ја промовираме истата.

Среќата е уште поголема затоа што сум со Росана, Александар и Дац“, напиша Маријана.

Песната „Засекогаш млади“ е дело на композиторот Александар Митевски, а во тек е снимањето на видеоспотот, кој ќе ја придружува нејзината промоција.

Маријана и Росана ја започнаа кариерата настапувајќи во дует, како „Маријана и Росана“. Подоцна, по преселбата на Маријана во Австралија, Росана ја продолжи музичката кариера како соло изведувачка.

Слични објави

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....