16.8 C
Скопје
15:12 - 15 октомври, 2026

Меган Маркл може да стане една од најплатените инфлуенсери: Само доколку го потпише овој договор!

Се вели дека Маркл ќе го рестартира и својот лајфстајл блог „The Tig“, кој го затвори пред да се омажи за принцот Хари.

Војвотката од Сасекс (41) би можела да стане една од најплатените инфлуенсерки во светот.

Откако Spotify го откажа нејзиниот подкаст, почнаа да кружат гласини дека Меган ќе потпише договор со Диор и ќе стане нивно заштитно лице, а како што пренесува Дејли Меил, војвотката би можела да заработи милиони.

Меган често носи нивни креации, а по објава на социјалните мрежи би можела да заработи и до 250 илјади долари од една објава.

Гласините за тоа дека ќе стане инфлуенсерка започнаа откако почна да се дружи со Викторија Џексон, жена која е меѓу најголемите имиња во маркетингот во САД.

Освен тоа, странските медиуми пишуваат дека Меган ќе го рестартира својот лајфстајл блог „The Tig“, кој го затвори пред да се омажи за Хари (38).

Патем, Меган водеше подкаст насловен Archetypes, кој траеше 12 епизоди од август 2022 година, разговарајќи со познати личности. Меѓу славните нејзини гости беа Мараја Кери, Парис Хилтон, Серена Вилијамс и други ѕвезди.

 

Слични објави

„Мама и тато те сакаат најмногу“: Едита Арадиновиќ ги собра најблиските на голема прослава за нејзината ќерка Зои

Еспресо

„Ти си мојата најголема желба која ми се оствари“: Бојана Скендеровски со емотивна порака за роденденот на ќеркичката Искра

apostolova

Вечера за само 30 минути — запечени такоси со пилешко месо и кашкавал што ќе ги обожавате

К.С.

(Фото) Катарина Ивановска стана капетанка — македонската манекенка уживаше во едрење со саканиот и пријателите

К.С.

„Постоеше лек за мојот син, но не можевме да го добиеме во Македонија“: Ребека Јанковска за најтешката борба со болеста на Маркијан

apostolova

Зошто ви опаѓа косата? Овие се најчестите причини за кои можеби не сте знаеле

К.С.
Се вчитува....