22.8 C
Скопје
13:48 - 28 мај, 2026

„Мажи во бањарки ме чекаа во хотелски соби“: Славната манекенка ја откри мрачната страна на модната индустрија

Славната манекенка Полина Поришкова јавно проговори за „мрачната“ страна на модната индустрија, откривајќи дека во текот на кариерата се соочила со бројни непријатни ситуации. Преку видео објавено на Инстаграм, ѕвездата на списанието „Спортс илустрејтед“ зборуваше за тоа како сексуалното вознемирување со години било прифаќано како „нормално“, уште од периодот кога била тинејџерка.

Таа посочи дека луѓето кои ја воделе нејзината кариера често ја ставале во компромитирачки околности.

„Почнав да се занимавам со манекенство на 15 години во Париз, за време на летниот распуст. Секој ден ме испраќаа на четири до десет таканаречени ‘оди-види’ средби. Одиш, а тие гледаат – низ целиот град – сама, без познавање на јазикот или градот“, раскажа манекенката, родена во тогашна Чехословачка.

Поришкова објасни дека иако дел од тие средби биле професионални, значителен број немале никаква врска со работа.

„Понекогаш луѓето што ги среќавав беа добро облечени и во канцеларии, а понекогаш тоа беа мажи на средна возраст во неуредни апартмани кои само сакаа лежерно да ме фотографираат, по можност без горен дел од облеката. Го изгубив бројот на мажи со отворени бањарки кои ме пречекувале во хотелски соби или апартмани, каде што ме испраќале агенциите или клиентите“, раскажа таа, пренесуваат американските медиуми.

Манекенката нагласи дека ваквите искуства не се случувале само во запуштени простори. Таа се присети и на богато облечени, постари мажи кои ја канеле на забави, јахти и во луксузни тропски вили, уверувајќи ја дека тоа е дел од професионалните обврски.

„Сè прифаќав здраво за готово – дека мојата работа е да ја соблечам облеката, повторно да ја облечам, а потоа да научам како креативно да се бранам од напалени мажи за да не ги навредам и да не ја изгубам работата“, раскажа Поришкова.

Дури во деведесеттите години, по гледање прилог во емисијата на Опра Винфри, сфатила дека она што го доживувала всушност претставува сексуално вознемирување.

„Ја погледнав мојата пријателка и реков: ‘Тоа е сексуално вознемирување?’. Јас мислев дека се комплименти“, се присети таа.

Поришкова зборуваше и за својата ранливост како малолетна личност во индустрија каде моќта е концентрирана кај возрасните, потенцирајќи колку лесно децата можат да бидат манипулирани.

„Кога ќе земете дете и ќе го ставите во каква било ситуација, детето ќе се приспособи. Кога возрасен ќе ви каже дека така треба да биде, тогаш кој сте вие, како дете, да се спротивставите? Затоа детето е најлесна мета“, порача таа.

Во описот на видеото, манекенката употреби хаштази поврзани со случајот Џефри Епстин и повиците за правда.

Инаку, Поришкова во 1984 година влезе во историјата како прва жена од Средна Европа која се појавила на насловната страница на „Спортс илустрејтед“. Во текот на повеќе од четири децении кариера, таа се најде на насловната страница на овој магазин вкупно 11 пати.

Слични објави

Децата на Вељко и Богдана Ражнатовиќ одат во државна градинка во Тител

Еспресо

(Фото) Тарик и Лејла Филиповиќ емотивно го испратија синот Арман на матура

Еспресо

Раскинување или маркетиншки трик? Сара Јо и Жига направија хаос на мрежите, неговиот потег ги остави фановите без зборови

Еспресо

(Фото) Се појавија стари фотографии од Сенида — пејачката изгледала сосема поинаку пред естетските корекции

Еспресо

(Фото) Уникатен подарок: Дац и Александар ја изненадија Маја Панчева за нејзиниот роденден

Еспресо

Карлеуша без милост за новата девојка на Душко Тошиќ: „Бледа копија на оригиналот“

Еспресо
Се вчитува....