21:46 - 9 ноември, 2026

(Фото) Теодора Џехверовиќ го прослави 29. роденден во тајност, а сега испливаа моменти од лудата забава

Пејачката Теодора Џеверовиќ го прослави својот 29-ти роденден во тајност, и тоа малку порано, пред вистинскиот датум.

Таа ги собра најблиските луѓе и направи тематска забава во стилот на 2000-тите и филмот „Зли девојки“ и сè беше во розови тонови.

Но, фотографиите и видеата од тајната прослава веќе почнаа да се споделуваат на социјалните мрежи. Дрес-кодот беше „секси и урбан“, а славеничката носеше кафеав корсет, тексас шорцеви и чизми со високи потпетици, додека аутфитот го комплетираше со синџирчиња и впечатлив накит.

Она што привлече најголемо внимание беше детаљот што беше наведен на поканата, а се однесуваше на подарокот. Пејачката им порача на блиските да не ѝ купуваат никакви подароци, туку да носат пари за да ги донираат на оние на кои им се најпотребни.

– Не купувајте подарок за роденден! Ме направивте среќна затоа што дојдовте! Наместо подарок, на влезот ќе има кутија за пари што ќе одат во хуманитарни цели и таму можете да го дадете вашиот придонес – пишувало на поканата, а нејзиниот гест ги воодушеви луѓето.

Инаку, Теодора се огласи на својот инстаграм-профил по повод роденденот.

– Мојот роденден е утре, но ви благодарам на сите за честитките однапред. Ви благодарам на сите што придонесоа синоќа за луѓето во неволја. Ќе направиме некого среќен, се надевам! Ви благодарам – напиша пејачката.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....