18.8 C
Скопје
21:08 - 6 мај, 2024

Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари и ги отпушти сите директори

Илон Маск ја заклучи својата аквизиција на Твитер вредна 44 милијарди долари, а неговиот прв потег беше да го отпушти највисокото раководство на таа социјална мрежа, пренесува Хина.

Според луѓе запознаени со ситуацијата, Маск ги отпуштил извршниот директор на Твитер Параг Агравал, главниот финансиски директор Нед Сегал и шефот за правни прашања и политика Виџеј Гад.

Агравал и Сегал биле во седиштето на Твитер во Сан Франциско кога бил склучен договорот и биле испратени надвор. Твитер, Маск и отпуштените директори не одговорија веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

Маск ги обвини претходните менаџери дека го довеле во заблуда него и инвеститорите за бројот на лажни профили на платформата, како и дека не му давале јасни аргументи за тоа како да ги оствари високите амбиции што ги има со влијателната социјална платформа.

Маск рече дека сака да ги победи „спам-ботовите“ на Твитер, да ги направи јавно достапни алгоритмите кои одредуваат како содржината ќе им биде претставена на корисниците и да спречи платформата да стане комора за омраза и поделби.

Маск не понуди детали како ќе го постигне сето ова и кој ќе ја води компанијата. Тој најави и отпуштања, поради што околу 7.500 вработени на Твитер се загрижени за својата иднина, пишува Ројтерс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by elonmusk (@elonmusk)

Претходно во четвртокот, Илон Маск изјави дека сака Твитер да стане „најпочитуваната рекламна платформа“, што беше протолкувано како обид за стекнување довербата кај огласувачите пред очекуваното купување на социјалната мрежа, и порача дека со тоа сака да му помогне на човештвото.

Маск, ко-основачот на Твитер Џек Дорси и други инвеститори претходно сугерираа дека сакаат да ја тргнат социјалната мрежа подалеку од рекламите и да генерираат приходи преку претплати и други средства. Самиот Маск еднаш напиша дека „мрази рекламирање“.

-Има многу шпекулации за тоа зошто го купив Твитер и што мислам за рекламирањето. Повеќето се погрешни. Во основа, Твитер сака да биде најпочитуваната рекламна платформа во светот која го зајакнува вашиот бренд и го зголемува растот на компаниите“, напиша Маск, најбогатиот човек во светот.

Инаку, повеќе од 90 отсто од приходите на Твитер во вториот квартал од оваа година се од реклами.

Тој исто така рече дека очигледно на Твитер не може да се пишува баш сѐ без последици, но дека сака платформата да биде гостопримлива за сите.

Маск, самопрогласениот „апсолутист на слободата на говорот“, во мај изјави дека ќе ја укине забраната на Твитер за поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој беше отстранет од мрежата на почетокот на минатата година поради стравувањата од поттикнување насилство откако неговите поддржувачи упаднаа во американскиот Конгрес.

Според Ројтерс, аквизицијата на Твитер за Маск претставува кулминација на сагата полна со пресврти – во еден момент постоеше сомневање дали мултимилијардерот ќе може да го затвори договорот.

Во пролетта, Маск понуди да ја преземе платформата за 54,20 долари по акција, вреднувајќи ја на 44 милијарди долари. Управниот одбор на социјалната мрежа прво негодуваше но на крајот ја прифати понудата.

Каприциозниот претприемач еднострано го отфрли овој договор во јули, а Твитер покрена правна постапка за да го принуди да ја почитува својата обврска.

Конечно, на почетокот на октомври, судот во американската сојузна држава Делавер нареди прекин на тужбите на Твитер против Илон Маск и му даде време да го финансира своето преземање.

Слични објави

(Фото) Марко Новески позира со близначињата: „Мојата дупла среќичка“ 

еспресо

(Видео) „Не знам дали е шок за телото, но…“: Никола Роквиќ едвај дише, но не се откажува од патот до Грција

jasmina.kantardzieva

(Фото) Брена позира на луксузна јахта вредна неколку милиони: Им пркоси на годините

еспресо

Организаторите на Евровизија: Исклучувањето на Израел би било политичка одлука

еспресо

Јелена Карлеуша за Драгана Мирковиќ: „Слободно јави ми се, не кревај раце од мене!“

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 6 мај: Нови познанства за Вагите, Скорпиите да бидат внимателни

еспресо
Се вчитува....