01:02 - 9 ноември, 2026

(Фото) Марина ѝ се врати на старата љубов, а еве што ѝ рече Горан Алачки

Марина Дојчиновска, познатата новинарка и партнерка на музичарот Горан Алачки ѝ се врати на својата стара љубов.

Тоа е телевизијата, според она што таа го објави на социјалните мрежи. Марина споделила фотографија од ТВ „Сонце“ од која порано беше дел и напиша: „Гледајте нè на ТВ ‘Сонце’, почнуваме за некоја минута“.

Марина не откри дали таа е гостинка или домаќин во студиото, но еден од коментарите под оваа објава привлече внимание.

Фото / Фејсбук

„Старите  патеки на вечноста“, напишал до објавата Горан Алачки, а Марина Дојчиновска му вратила со коментар, емотикон срце.

Фото / Фејсбук

Марина Дојчиновска во една прилика рече дека во 2012 година ја основала својата компанија „Хунза Веда“ со една единствена цел – да се донесе маслото од Хималаите до Скопје.

– Со Горан си ги разубавуваме животите еден со друг. Се сретнавме двајца страсни светски патувачи, меѓу две патувања во Скопје. Потоа продолживме патувањата да ги планираме заедно и да ги споделуваме убавините на живеењето што ги носат зрелите години.

Едно големо НЗС е нашата година на раѓање – генерација 1965, тоа носи генерациски сличности во резоните и погледот кон светот. Добро е кога на наши години ќе се сретнат двајца луѓе кои точно знаат што сакаат, реализирани во сите важни животни сфери, со расчистени сметки и платени фактури кон минатото – рече во една прилика за „Слободен печат“ Марина.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....