21:49 - 27 ноември, 2026

Марија Шерифовиќ откри со каков здравствен проблем се бори: Еве со што се соочува новопечената мајка

Пејачката Марија Шерифовиќ во емисијата „Ѕвезде Гранда“ откри со каков здравствен проблем се бори.

За време на конфликтот со Вики Миљковиќ, таа случајно призна со каков здравствен проблем се соочува.

Имено, Марија рече дека има дискус хернија.

„Јас бев на диета затоа што имам дискус хернија, а тоа што сум дебела, зарем мислиш дека јас поради некого би слабеела? О, Боже, тоа им го препуштам на помалку талентираните пејачки, бидете слаби зашто не знаете да пеете – истакна пејачката.

Дискус хернијата е слабеење на ‘рскавично-желатинското јадро што се наоѓа меѓу ‘рбетните прешлени. Болките и немоќноста кои доаѓаат со дискус хернијата може да бидат големи и тешки. За време на траењето на болеста, може да се појави испакнување на кој било диск, но најчесто го зафаќа лумбалниот дел на ‘рбетот.

Некои од симптомите на оваа болест се: болки во грбот, болки во вратот, болки во мускулите, болки во градите; болки во долниот дел на грбот. Поради ова, физичката активност често е отежната, а може да се јават и главоболки, вртоглавица и вкочанетост на рацете, а во некои случаи оваа болест бара хируршка интервенција.

 

Слични објави

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.
Се вчитува....