23:06 - 29 ноември, 2026

Малтретирањето на вработените од страна на Меган оди на суд: делата се чуваат во тајност

Судот спроведе одлучна мерка за заштита на вработените кои се разоткриле со сведоштва против Меган Маркл, односно за начинот на кој таа се однесувала со нив, кога биле вработени кај неа или кога соработувале со неа. Сепак, јавноста сака да ја знае вистината и се бара транспарентност за тоа што навистина се случило во ѕидовите на палатата Кенсингтон. 

Класифицирана е истрагата за наводното малтретирање од страна на Меган Маркл кон некои членови на кралскиот двор кои биле вработени кај Меган и Хари. Сепак, никој никогаш јавно нема да дознае што навистина се случило зад четирите ѕида на палатата Кенсингтон помеѓу сопругата на принцот Хари и вработените.

Според извор на кој се повикува Independent, резултатите од истрагата против војвотката од Сасекс нема да бидат обелоденети за да се заштитат сведоците кои се разоткриле. Инаку истрагата е завршена, а спроведена е од независна адвокатска канцеларија.

За истрагата, вработените во Бакингемската палата беа поканети да споделат работни искуства од краткото време кога сопругата на принцот Хари живеела во палатата Кенсингтон во Лондон и пред да заминат за Калифорнија во јануари 2020 година.

Веста за малтретирање на соработниците и вработените од страна на Меган Маркл беше јавно откриена од Тајмс дури во март 2021 година.

Одлуката да не се објавува исходот од истрагата покренува прашања за внатрешната транспарентност и одговорностите на оние кои тесно соработуваат со наследниците на кралицата.

 

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....