13:46 - 25 септември, 2026

„Малечкото и плаво девојче го познавам уште од ’91“: Каролина ѝ честиташе на Тамара за „Кукла жива“

Емотивна приказна за Тамара Тодевска раскажа Каролина Гочева која јавно ѝ даде голема поддршка.
Каролина објави видео по вечерашната промоција на нејзиниот нов визуелен албум „Кукла жива“, кој содржи 10 песни и исто толку спотови.
Каролина на Инстаграм сподели дел од видеото за песната „Брана“, која Тамара ѝ ја посвети на својата мајка, Брана. Видеото има и силна емотивна и семејна нишка, започнува со архивска снимка од првиот настап на Тамара во 1991 година, кога како малечко девојче настапува со Маријана и Росана, а потоа во него се појавува и нејзината ќерка Хана.
Каролина особено го издвои токму овој момент и со емотивна порака ѝ честиташе на својата колешка.
„Искрени честитки за прекрасниот албум Тамара Тодевска и целиот тим! И посебна љубов за видеово и малечкото и плаво девојче кое го познавам уште од овој Макфест од сега веќе далечната ’91. Горда сум на тебе“, напиша Гочева.

Стори на Тамара Тодевска/декември 2025

„Кукла жива“ е најавен како првиот визуелен албум создаден во Македонија и носи 10 песни, снимени со живи инструменти. Песните се инспирирани од различни периоди од животот и 25-годишната кариера на Тодевска. На проектот таа работеше со Коста Петров, а музичката продукција и аранжманите се на Џијан Емин. Визуелниот дел го режира Мартин Трајановски.
Тамара неодамна откри дека приказната за албумот започнала во ноември минатата година, кога Петров ѝ испратил текст и мелодија. Од околу 20 понудени песни, заедно избрале 10, по што ги адаптирале текстовите и мелодиите и активно учествувале во создавањето на целиот визуелен концепт.
Пред објавувањето на целиот албум, публиката веќе ги слушна „Drama Queen“, „Кукла жива“ и „Дива“. Следниот голем чекор е солистичкиот концерт на Тамара на 7 декември во арената „Борис Трајковски“, со кој ќе одбележи 25 години музичка кариера и во живо ќе го претстави новиот материјал со оркестар предводен од Џијан Емин.

Слични објави

Ова се новите евровизиски претставници: Лила Филиповска ги најави двата нови албума на „Бендот на браќата Нуне“

М. Џ.

Моминска вечер што ќе се памети – Резервирајте термин во Villa Diva и прославете со стил

Еспресо

(Видео) „Би сакал да ги кријам партнерите но не ми успева“: Сергеј Варошлија искрено за љубовта

Еспресо

Катарина Лазиќ на удар поради здравиот живот: „Почни да пиеш како Дарко, да не најде некоја слична на себе“

E.A.

(Фото) Жак Хоудек ослабел 30 килограми: „Би сакал да симнам уште 30“

Еспресо

(Фото) Маја Вукичевиќ горда на успехот на синот Горазд: „Срцето ми е исполнето со гордост и среќа“

Еспресо
Се вчитува....