9.8 C
Скопје
23:16 - 17 октомври, 2026

(Фото) Дарко Лазиќ се испоти во теретана! Фолкерот се соблече, а жените останаа без здив!

Дарко Лазиќ, кој пред само неколку дена го привлече вниманието на јавноста кога го испрати својот син на првиот училиштен ден, повторно се огласи на социјалните мрежи. Овојпат причината е неговата физичка форма и резултатот што го постигнал со тренинзите.

Фолкерот објави фотографија по тренингот на која се гледа дека добро се испотил, а покрај неа ја откри и бројката која покажува колку денес има килограми.

Лазиќ кратко напишал: „87 килограми“, со што на следбениците им ја открил својата моментална тежина.

Резултатот е особено впечатлив ако се земе предвид дека пред операцијата за намалување на желудникот имал дури 169 килограми.

По хируршкиот зафат, пејачот драстично ослабел, иако во еден период неговата тежина варирала. Сега, сепак, се труди да ја одржува линијата со редовно вежбање и внимателно избрана исхрана.

Во тоа има голема поддршка и од сопругата Катарина Лазиќ, која го мотивира да тренира, но и му помага со совети поврзани со вежбањето и начинот на исхрана.

Дека не планира да се откаже од тренинзите, Дарко повторно покажа со најновата фотографија од теретана. На неа позира по вежбањето, а со само неколку зборови го откри резултатот – 87 килограми.

Тоа значи дека разликата во однос на периодот кога тежел 169 килограми е неверојатни 82 килограми.

Со најновата објава Дарко уште еднаш покажа колку драстично се променил неговиот изглед во споредба со периодот пред операцијата.

Фотографијата од теретана открива дека во моментов успева да ја одржува својата тежина на 87 килограми, што е значително пониска бројка од онаа со која некогаш се борел.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....