19.8 C
Скопје
13:27 - 9 октомври, 2026

„Малечкото и плаво девојче го познавам уште од ’91“: Каролина ѝ честиташе на Тамара за „Кукла жива“

Емотивна приказна за Тамара Тодевска раскажа Каролина Гочева која јавно ѝ даде голема поддршка.
Каролина објави видео по вечерашната промоција на нејзиниот нов визуелен албум „Кукла жива“, кој содржи 10 песни и исто толку спотови.
Каролина на Инстаграм сподели дел од видеото за песната „Брана“, која Тамара ѝ ја посвети на својата мајка, Брана. Видеото има и силна емотивна и семејна нишка, започнува со архивска снимка од првиот настап на Тамара во 1991 година, кога како малечко девојче настапува со Маријана и Росана, а потоа во него се појавува и нејзината ќерка Хана.
Каролина особено го издвои токму овој момент и со емотивна порака ѝ честиташе на својата колешка.
„Искрени честитки за прекрасниот албум Тамара Тодевска и целиот тим! И посебна љубов за видеово и малечкото и плаво девојче кое го познавам уште од овој Макфест од сега веќе далечната ’91. Горда сум на тебе“, напиша Гочева.

Стори на Тамара Тодевска/декември 2025

„Кукла жива“ е најавен како првиот визуелен албум создаден во Македонија и носи 10 песни, снимени со живи инструменти. Песните се инспирирани од различни периоди од животот и 25-годишната кариера на Тодевска. На проектот таа работеше со Коста Петров, а музичката продукција и аранжманите се на Џијан Емин. Визуелниот дел го режира Мартин Трајановски.
Тамара неодамна откри дека приказната за албумот започнала во ноември минатата година, кога Петров ѝ испратил текст и мелодија. Од околу 20 понудени песни, заедно избрале 10, по што ги адаптирале текстовите и мелодиите и активно учествувале во создавањето на целиот визуелен концепт.
Пред објавувањето на целиот албум, публиката веќе ги слушна „Drama Queen“, „Кукла жива“ и „Дива“. Следниот голем чекор е солистичкиот концерт на Тамара на 7 декември во арената „Борис Трајковски“, со кој ќе одбележи 25 години музичка кариера и во живо ќе го претстави новиот материјал со оркестар предводен од Џијан Емин.

Слични објави

(Видео) „Долго ја чувавме нашата тајна“: доаѓа принова во семејството на Теодора Џехверовиќ

Еспресо

Драгана Клопчевска откри детали од бракот со Брејк: „Ако некоја му се пушта, јас прва ќе реагирам“

apostolova

Прекрасна љубовна приказна на Александра Пилева за запознавањето со сопругот: „Јас сакам да те оженам“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Слатко задоволство со мирис на есен— крцкави штрудли со јаболка и цимет, готови за половина час

К.С.

Калиопи откри што направила со необјавената песна со Тоше Проески: „Ја ставив во неговиот ковчег, таа си замина со него“

К.С.
Се вчитува....