15:40 - 8 ноември, 2026

Македонската филмска приказна „Те дуа, жими мене“ ја освои публиката од прва – избран е за најдобар во конкуренција од 9 филмови

Македонскиот независен филм, „Те дуа, жими мене“, на затворањето на „Tirana European Youth Film Festival 2023“, се закити со престижната награда од публика.

Филмот беше едногласно одбран како најдобар од девет филмови во официјалната интернационална програма, соопштија денеска од „Емперор продукција“.

Станува збор за интернационален филмски фестивал што се залага за афирмација и презентација на европските филмови.

Оваа година, покрај „Те дуа, жими мене“,  во официјална селекција се најдоа и филмови од Шпанија, Полска, Италија, Косово, Франција, Финска и од Албанија.

„Те дуа, жими мене“, е комедија во режија на Марјан Гавриловски, а по сценарио на Никола Кузелов.

Домашната премиера ќе биде на 22 септември во „Синеплекс“, Скопје, по што ќе се емитува на редовен репертоар.

– Приказната следи квази фраер, коцкар и армоникаш, кои трудејќи се да ја вратат назад купената жена од Албанија, стануваат дел од мафијашка зделка и мораат да се справат со низа на несекојдневни ликови. Во филмот се појавуваат низа истакнати актерски имиња, како Игор Џамбазов, Тони Михајловски, Владо Јовановски, Сенко Велинов, Мими Таневска, а главните ликови ги играат Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Валентин Видовиќ и Ангела Стојановска, информира „Емперор продукција“.

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....