20:10 - 3 ноември, 2026

„Маестро, ти симнувам капа“: Нина Бадриќ со порака од срце за Лука Модриќ

Хрватската пејачка Нина Бадриќ на социјалните мрежи сподели фотографија со капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ и му упати емотивни зборови кои ги воодушевија нејзините следбеници.

На фотографијата Нина и Лука позираат прегрнати и насмеани, а во описот на објавата пејачката истакна колку ја цени неговата големина, не само како спортист, туку и како човек.

„Не е лесно да се стане најдобар во светот. И да се биде легенда. Уште потешко е да се задржиш на врвот во текот на целата кариера. А најтешко е, и покрај сите најголеми успеси, да останеш истото скромно момче со искрена насмевка. Додека другите бројат голови, Лука Модриќ остава трага во срцата. Маестро, симнувам капа и ти благодарам за сѐ“, напиша Нина.

Фотографијата што ја објави не е нова, туку е направена во јуни минатата година на крштевката на ќерката Луна на фудбалерот Матео Ковачиќ и неговата сопруга Изабел Ковачиќ, на која присуствувала и Нина Бадриќ. На свеченоста биле присутни членовите на семејството и блиски пријатели, меѓу кои и Лука Модриќ со сопругата Вања Модриќ.

Нина и тогаш јавно зборуваше за тоа колку ги цени Лука Модриќ и Матео Ковачиќ, откривајќи и една помалку позната информација за нив.

-Секогаш кога ќе побарав помош за луѓе кои се болни, кои се на работ и кои немаат средства за живот, ќе го свртев бројот на Модриќ или на Ковачиќ. Секојпат ќе ми кажеа: „Само кажи, колку и да треба, тука сме.“ Помогнале и сѐ уште им помагаат на сите. Знам дека сега ќе ми се налутат што го пишувам ова, бидејќи никогаш не сакаат да се знае, но нека се знае! Многу ги сакам овие момци. Толку се нормални и едноставни, а сепак толку посебни. Поради нив плачеме, славиме и благодарение на нив нѐ знаат на светската мапа. Моето срце секогаш трепери од емоции и гордост кога тие играат. Тие се семејство. И пример за сите. Кога некој толку голем може да остане толку скромен“, ги пофали тогаш Нина Бадриќ Лука Модриќ и Матео Ковачиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Најновата објава повторно предизвика бројни позитивни реакции, а следбениците се согласија дека Нина во само неколку реченици ја сумираше причината поради која многумина го сметаат Модриќ не само за еден од најголемите фудбалери на сите времиња, туку и за голем човек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Слични објави

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо

Солзи и аплаузи на промоцијата на „Дом“: Давид Темелков ги расплака Владо Јовановски и Марија Кондовска

apostolova

(Видео) Има само 15 и пол години, а веќе е на големата сцена: Тамара Грујеска успешно дебитираше на „Макфест“

Еспресо

Милица Тодоровиќ ја откри причината зошто таткото на детето се криел: „Мајка ми ми рече дека така е најдобро“

Еспресо

Дани Димитровска го посети синот Лазар во Холандија: Сакав да биде независен, да научи да живее далеку од мене

Еспресо

Бугарскиот крал на фолкот како Спајдермен — Азис ги изненади следбениците за Ноќта на вештерките

E.A.
Се вчитува....