08:36 - 4 ноември, 2026

„Поевтино ми беше да чекам да помине бурата отколку да се правдам“: Вака зборуваше Владо Јаневски

Нашиот пејач Владо Јаневски замина на оној свет, но ќе остане запаметен по најубавите песни коишто ни ги остави и по специфичните изјави што ги даваше на интервјуата.

Деновиве се потсетуваме на сета негова музика, ги преслушуваме хитовите како „Напрај место“, „Разголи ми ја душата“ или евергрините како „Нусе“, „Некогаш и негде“, „Булки“…

Медиумите коишто му направиле интервјуа споделуваат парчиња од неговите одговори. Ќе се потсетиме на неговата изјава за Бекстејџ, а поврзана со трачевите, во која тој вели дека колку повеќе траеш толку подолго ќе живее трачот за тебе.

„Додека постоиш ќе те следи трачот за тебе. Јас според многумина бев и геј, бев болен од сида, па како се излечив од сида, па бев ваков-таков. Истите работи се вртеа со години за мене. Одеднаш гледаш по неколку години некој ист трач го воскреснале како феникс. Јас одлучив дека е најдобро да не негирам, поевтино ми беше да чекам да помине бурата отколку да се објаснувам“, вели Јаневски во оваа изјава.

Слични објави

Хороскоп за 4 ноември: Ракови, не влегувајте во конфликти со оние кои имаат нешто против вас

Еспресо

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.
Се вчитува....