14:29 - 9 ноември, 2026

Кралицата Елизабета Втора половично се пензионира? Во иднина ќе има намален обем на службени должности

Во официјалниот извештај на монархијата за оваа година, кој беше објавен минатата недела, во списокот нема задачи кои кралицата „мора да ги исполни“, пренесува People.

Тринаесетте точки што ги опишуваат должностите и улогата на кралицата сега даваат малку поопшт опис. Овој потег е прв од ваков вид по повеќе од 10 години, а се чини дека е и показател за здравствената состојба на кралицата која има 96 години и сѐ помалку може да се движи.

Дел од јавните должности на кралицата ги презеле принцот Чарлс и принцот Вилијам.

Кралицата минатиот месец го прослави платинестиот јубилеј на престолот – 70 години на чело на Обединетото Кралство. По тој повод беше организирана голема свеченост што траеше четири дена, а таа не присуствуваше на повеќе настани од официјалната програма.

Слични објави

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....