8.8 C
Скопје
10:07 - 6 март, 2026

КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ИМА НАД 5.000 ШАПКИ: Што се случува со нив кога веќе нема да ѝ требаат?

Тие се носат најмалку десет пати и се подаруваат само кога ќе почнат да покажуваат знаци на прекумерна употреба.

Шапките се изброени. Од нејзиното стапување на тронот пред 70 години, кралицата Елизабета носела над пет илјади шапки со различни форми, стилови и бои, кои често не успеале да се вклопат совршено со светлата облека која ја префрира кралицата. И во текот на децениите, шапките привлекоа внимание на безброј настани, од кралски венчавки до божиќни прослави и коњски трки…Имено, во Аскот за коњските трки, обложувалниците дури прифаќаат облози за тоа која боја на шапка ќе ја избере Елизабета за таа пригода.

Но, додека многу од нејзините шапки се изложени во музеи ширум светот, илјадници сè уште се чуваат во огромните кралски гардероби во Бакингемската палата и замокот Виндзор. И не само во собите на Елизабета: оние што повеќе не се користат со одредена фреквенција се префрлени во посебни простории во подрумите на двете резиденции.

Колекцијата секојдневно ја каталогизира Ангела Кели, доверлива личност на кралицата Елизабета. Кели се грижи да ја знае точната локација на секоја шапка, организирајќи „сместување“ и одржување за секоја од нив. Доколку некој музеј сака да позајми шапки од кралицата за евентуална изложба, мора да побара прво дозвола и тоа години пред настанот и да презентира беспрекорни референци.

Но што се случува со шапките кои кралицата веќе не ги носи?

Прво, треба да се земе предвид дека кралицата едвај се одвојува од нејзините шапки. Секоја од шапките ги носи најмалку 10 пати и секоја шапка чува со огромна грижа додека не почне да покажува очигледни знаци на оштетување. И само кога веќе не можат да ѝ бидат корисни на кралицата, тогаш се размислува што да се прави со шапките. Кралицата не ги продава. Туку интересно е тоа што шапките кои повеќе не ѝ користат, им ги дава на своите помошници, а тие понатаму можат да ги продаваат без да привлечат внимание. И секогаш парите одат за добротворни цели.

Слични објави

(Фото) Се подмлади и ослабе: Голема промена кај водителката Здравкица

msp-admin

(Видео) Цеца раскажа приватна приказна за неа, откри колку време поминува во кујна

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 март: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Ѕвездите ви шепотат: Вашиот астроводич за совршен викенд

Еспресо

Секојдневие без монотонија: 5 начини да внесете радост во вашиот живот

Еспресо

Виктор Живојиновиќ објави ретка фотографија: Погледнете го природниот изглед на Лепа Брена

E.A.
Се вчитува....