13.8 C
Скопје
16:02 - 17 октомври, 2026

„Денес се големи ѕвезди а живеат од мои песни“: Ша „удри“ по колегите

Раперот Ненад Алексиќ Ша отворено зборуваше за тежок период од својот живот и предизвиците со кои се соочил во кариерата. Тој откри дека соработувал со многу пејачи кои, според него, профитирале од него, а подоцна му свртеле грб.

Ша вели дека бил разочаран од многумина, бидејќи лошо зборувале за него додека бил во ријалити.

„Половина од нив што денес се големи ѕвезди, работат и се важни, не би ни постоеле да не направеле песна со мене. Истиот тој Ша од кого подоцна се оградуваа. Тоа зборува за нив. Имаше период кога кој било што ќе плукне по Ша добиваше медиумски простор. А од песните што ги направија со мене и денес живеат и настапуваат. Не планирам никому да му се јавам ниту да подадам рака“, изјави раперот без задршка.

За заедничкиот живот со Миона

Ша откри дека тој и неговата партнерка Миона не брзаат со планови, туку го оставаат односот да се развива природно.

„Миона и јас сме три години заедно, живееме под ист покрив и ни е убаво. Не планираме ништо на сила. Не сум ја запросил, не брзаме никаде. Ги пуштивме работите да се случуваат спонтано. Најважно ни е да сме среќни и да функционираме како што треба“, изјави тој во емисијата „Минско поле“.

Проговорија и за заработката

Да потсетиме, Миона и Ша неодамна дадоа интервју во кое зборуваа и за заработката.

„Ние живеевме и пред ријалити, нели? Сега живееме од воздух, бидејќи постојано ме прашуваат, па и на ТикТок – од што живееш? А јас навистина не сум се родил во ријалити. Триесет години се занимавам со музика и не залудно ги објавував сите тие песни. Имам приходи од музичките платформи и авторски права, не само за моите песни туку и за туѓи. Фала му на Бог, знам за што сум работел и се борел, а сега само го надградувам тоа. Што се однесува до ТикТок, тоа е повеќе за забава отколку за заработка, иако многумина живеат од тоа“, искрен беше Ненад.

Слични објави

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Почивај во мир, ангелу македонски“: Перо Камиказа откри како Тоше Проески му дошол дома и ги пеел песните на „Меморија“

К.С.

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.
Се вчитува....