06:56 - 27 ноември, 2026

(Фото) Парите само си течат: Откриено од што заработува 10 години постарото момче на Уна Чолиќ

Уна Чолиќ, постарата ќерка на пејачот Здравко Чолиќ, не крие колку е заљубена во своето 10 години постаро момче, а го запознала и со своето семејство. Овој пар често посетува светски дестинации и ужива во луксуз, а сега е откриено од што заработува човекот што го украде срцето на наследничката на Чола.

Уна Чолиќ не сака да го експонира своето момче во јавност, но се фали кога ќе ја добие 101 роза и некои брендирани работи од него. Како што се испостави, нејзиниот избраник води профитабилен бизнис, а има и локали  што ги издава под наем.

Фото: Инстаграм/Уна Чолиќ

– Момчето на Уна се занимава со препродажба на автомобили и автоделови и е многу успешно во тоа. Тој поседува и локали во Белград што ги издава под наем и од тоа зема многу пари – рекол извор близок до парот.

Инаку Уна го запознала своето момче со семејството одамна, па затоа често патуваат заедно со Здравко на турнеи и одат на заеднички одмори.

Да потсетиме, како што пишуваат медиумите, наследничката на Чола наводно е подготвена за брак и наскоро планираат свршувачка.

– Уна Чолиќ и нејзиното момче веќе неколку години уживаат во љубовта, тие се неразделни, а Здравко Чолиќ му даде благослов на својот зет и го прими во семејството со раширени раце. Тие сериозно размислуваат за следниот чекор, па така свршувачката е поблиску од кога било – раскажал изворот неодамна.

 

 

 

Слични објави

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо

Идентификувани осомничените за палењето на автомобилот на Александра Пријовиќ

Еспресо

Јаков Јозиновиќ откри на што ја потрошил првата голема заработка: „Таа го заслужи тоа!“

Еспресо

(Фото) „Дома за викенд“ : Ѓина Џиновиќ покажа детали од семејниот дом во Монте Карло

apostolova
Се вчитува....