22:10 - 7 ноември, 2026

(Видео) „Не сум парче месо“: Стојне Николова се отвори за тоа како мажите ја гледаат

​Познатата фолк-пејачка Стојне Николова раскажа приказна за тоа како мажите ја гледааат на настап и рече дека таа не е парче месо.

Во гостувањето во подкастот „Ништо лично“ на „Курир“ отворено зборуваше за односот на публиката кон пејачките и начинот на кој таа ја гради својата кариера. Во разговор на тема за тоа како јавноста ги гледа пејачките, Николова рече дека ставот на околината зависи од самите нив.

​Според Стојне, клучот за тоа како луѓето ќе ве доживеат лежи во сопствената самопочит и енергија. Таа вели дека во текот на целата нејзина кариера, никогаш не се почувствувала како објект.

​„Сметам дека мене никогаш не ме гледале како ‘парче месо’, затоа што првенствено јас не сум се доживувала така. Не сум дала повод некој така да ме гледа“, вели пејачката, додавајќи дека говорот на телото и начинот на кој им се приоѓа на луѓето се пресудни сегменти.

„Многу е битен говорот на твоето тело, многу е битен начинот на којшто им приоѓаш на луѓето. Значи, многу сегменти се тука битни за како некој ќе те гледа. Како што кажав, на прво место ми е да имам добри песни. Не правам песни коишто се комерцијални, правам песни коишто мене првенствено ќе ми се допаднат, коишто ќе ги почувствувам и за кои ќе мислам дека ќе останат, да кажам. И ништо не брзам, мислам дека сè ќе си дојде во свое време. Пополека“, рече актрактивната фолк-пејачка која е по потекло од Струмица.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....