27.3 C
Скопје
09:00 - 1 август, 2026

РЕЗУЛТАТИ ЗА 4 МИНУТИ: Кинески научници развиваат нов, прецизен тест за Ковид-19

Кинеските научници велат дека развиле тест за Kовид-19 кој може да ги обработи резултатите исто толку прецизно како и ПЦР тестовите за помалку од четири минути, пренесува „Дојче Веле“.

ПЦР тестовите се најпрецизни на пазарот, но мора да се обработат во лабораторија, што трае со часови, а кога лабораториите се преоптоварени со локални бранови на инфекција, обработката може да трае и со денови.

Брзите, 15-минутни брзи антигенски тестови се помалку сигурни од ПЦР алтернативата.

ВО ГЕНИТЕ Е ТАЈНАТА НА ТЕШКИТЕ ФОРМИ НА КОВИД: Новата студија ни носи ново сфаќање за вирусот и тешките последици

Истражувачите од Универзитетот Фудан собрале назални примероци од 33 пациенти со позитивнен ПЦР тест за Ковид-19, 23 пациенти со негативен ПЦР тест, шест пациенти позитивни на грип и 25 здрави доброволци. Тестот прецизно ги обработил сите случаи без грешка за помалку од четири минути, според рецензирано истражување објавено во понеделникот во списанието „Nature Biomedical Engineering“.

ПЦР тестовите се попрецизни од антигенските тестови бидејќи се почувствителни. Антигенските тестови бараат поголема концентрација на вирусот од ПЦР тестовите за да покажат позитивен резултат. Ова значи дека антигенските тестови имаат поголема веројатност да покажат лажно негативен резултат.

Антигенските тестови бараат делови од протеини инфицирани со вирус, додека ПРЦ тестовите бараат вирусен генетски материјал како нуклеинските киселини и РНК.

„СУПЕРИМУНИТЕТ“ ПРОТИВ КОВИД: Што е и кога се стекнува?

Тестот развиен на Универзитетот Фудан користи пречувствителен електромеханички биосензор за откривање на нуклеински киселини кои претходно тешко се идентификуваа поради нивната ниска концентрација во примероците за тестирање.

Истражувачите рекоа дека развојот на преносливи тестови со таква технологија може да овозможи тестирање на лице место на аеродроми, клиники, одделенија за итни случаи и дома. Тие додадоа дека може да се користи и за брза дијагноза на други видови болести.

Слични објави

Хороскоп за 1 август: Вагите ќе „пливаат“ во пари, Лавовите ќе имаат непланирани трошоци

Еспресо

(Фото) Новата снаа на Лепа Брена ги покажа заносните облини – меѓу градите крие тетоважа

Еспресо

Дарко Лазиќ демантира дека бил исфрлен од клуб: „Пеев час и половина, а не ми платија“

Еспресо

Теодора Џехверовиќ отворено за конфликтот со колешката Ема Радујко: „Не толерирам непочитување“

Еспресо

Дара Бубамара полека го воведува партнерот во светот на естрадата

Еспресо

(Фото) Прва фотографија од Дea Ѓурѓевиќ од породилиштето: Водителката блеска само два часа по породувањето

Еспресо
Се вчитува....