20:47 - 23 јули, 2026

КАКВИ СЕ ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ НАУТРО? Кој се буди на лева нога, а кој јаде џем со лажица

Поставеноста на планетите, на денот на нашето раѓање го одредува нашиот карактер, емоционални потреби и однесувања. Сигурно ќе ве насмее описот и однесувањето на хороскопските знаци после будењето.

6ч: Девицата станува и ја брише бањата пред да се истушира. Откако ќе ги измиете забите, четката ја става во стерилна чаша и ја става на посебно место, подалеку од другите четки.

6ч 15мин: Јарецот станува и го гаси бојлерот, рокот за евтина струја истече.

6ч 20мин: Водолијата оди на утринско трчање.

6ч 30мин: Вагата и Лавот се борат пред огледалото за хидратантна крема и гел за коса.

6ч 40мин: Бикот јаде џем за појадок со лажица.

6ч 45мин: Стрелецот станува и повторно го вклучува бојлерот.

7ч: Ракот прави сендвичи, Девицата цеди свежи овошни сокови. Близнакот сè уште е во кревет, проверува мејл, Фејсбук, Твитер и Инстаграм од својот мобилен телефон.

7ч 5мин: Скорпијата ја крши вратата од бањата – Вагата и Лавот излегуваат смртно навредени со козметика во рацете.

7ч 10мин: Овенот станува и ја вклучува стоперката.

7ч 11мин 45сек: Овенот туширан, облечен, обуен, мавта од скалите.

7ч 15мин: Бикот струга со лажица по теглата. Нема повеќе џем.

7ч 20мин: Вагата и Лавот повторно се тепаат пред огледалото, последна проверка на изгледот и восхит кон себе пред да заминат.

7ч 30мин: Водолијата се тушира ​​со ладна вода, Јарецот повторно го исклучил бојлерот.

7ч 40мин: Сите заминуваат.

7ч 45мин: Близнаците се враќаат, заборавиле еден од 3-те мобилни телефони.

7ч 50мин: Близнакот повторно се врати, го заборави паричникот.

08:00: Рибата се буди и сфаќа дека ја заклучиле во станот.

ПАР ОД СОНИШТАТА: Хороскопски двојки кои се најмоќни и најстрасни заедно

Слични објави

Исаура од „Преспав“ со порака од плажа: .„Не постои поголема среќа од спокој на душата“

Еспресо

„Грижата за себе не е луксуз, туку првиот чекор кон подобар живот“ – Марина Петровска, велнес-советник, за малите навики што носат големи промени

Еспресо

Кристина Арнаудова: „Времето на неписмени мочковци е почнато“

Еспресо

(Фото) За секоја прослава што заслужува совршена атмосфера, Villa Diva е изборот што остава впечаток

Еспресо

(Фото) Луна и Нина Ѓогани со емотивни пораки до Едита по породувањето: „Ќе бидеш најдобрата мајка“

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Специјални летни цени за хипербарна терапија

Еспресо
Се вчитува....